Втор и последен отворен инфо ден од PRepare проектот

Нa 9 октомври 2025 година, Еко Логик, заедно со општина Кочани го одржаа и последниот отворен инфо ден на кој, учесници во проектот, како и претставници од општина, училишта, млади, граѓански организации и локални бизниси, имаа можност да се запознаат со резултатите од PRepare проектот, како и идеите кои се изготвија во рамки на работилниците […]

Нa 9 октомври 2025 година, Еко Логик, заедно со општина Кочани го одржаа и последниот отворен инфо ден на кој, учесници во проектот, како и претставници од општина, училишта, млади, граѓански организации и локални бизниси, имаа можност да се запознаат со резултатите од PRepare проектот, како и идеите кои се изготвија во рамки на работилниците за ко-креирање, организирани во текот на јуни 2025 година.

Конкретниот настан, како дел од Еразмус проектот, беше искористен и за доделување на сертификати на сите оние кои успешно ги завршија двете обуки за одржлив туризам, и кои, придонесоа за дополнителна промоција на проектот и неговите активности.

Со овој настан тимот на Еко Логик и општина Кочани ги завршуваат локалните активности во рамки на проектот, кои, паралелно се спроведуваа и во Турција, Грција и Италија.

OTHER News

ПРИЈАВИ СЕ: „Не ме ставај во рамка!“ – Девојки против стереотипите

Дали сакаш да ги преиспиташ стереотипите, да го изразиш своето мислење и да придонесеш за општество во кое секоја девојка може слободно да биде тоа што е? Те покануваме да се пријавиш за учество во проектот „Не ме ставај во рамка!“ – Девојки против стереотипите, кој го спроведува Здружението за заштита и унапредување на животната средина Еко […]

Read more

Еко Логик потпиша Меморандум за соработка со Независниот синдикат на предучилишните работници и „5-тата сила“

Со цел зајакнување на соработката и создавање нови можности за унапредување на предучилишното образование, Еко Логик потпиша Меморандум за соработка со Независниот синдикат на предучилишните работници и „5-тата сила“. Ова партнерство претставува значаен чекор кон поврзување на граѓанскиот сектор со претставниците на предучилишните работници, со заедничка визија за поквалитетно, поинклузивно и поодржливо образование, како и […]

Read more

Младите, идеите и зелените промени во фокусот на одбележувањето на 50 години Општина Карпош

По повод одбележувањето на 50 години од постоењето на Општина Карпош, во Ресурсниот центар Карпош организиравме средба посветена на младите, заштитата на животната средина и можностите за создавање поодржливи и поправедни заедници. Кога младите ќе добијат простор да ги споделат своите идеи, да поставуваат прашања и да предлагаат решенија, се отвораат разговори што можат да […]

Read more

Eco-Competent: Climate Café отвори разговор за климатската анксиозност и менталната благосостојба на младите во Штип

Што чувствуваме кога размислуваме за климатската криза? Како климатските промени влијаат врз нашата ментална благосостојба и како грижата за иднината на планетата може да стане поттик за позитивна промена? Овие прашања беа во фокусот на Climate Café, одржано во MladiHub Штип, каде што млади луѓе се собраа да разговараат за климатската анксиозност и емоциите поврзани […]

Read more