„ГРАЃАНСКИ АКТИВИЗАМ ЗА ОСТВАРУВАЊЕ НА ЦИРКУЛАРНА ЕКОНОМИЈА ВО УПРАВУВАЊЕТОСО ОРГАНСКИ ОТПАД“

Центар за ресурси во животна средина (РЕЦ) – Северна Македонија, Флорозон – Центар за еколошкадемократија и Еко Логик во јули 2024 год. започнаa со спроведување на проектот „Граѓанскиактивизам за остварување на циркуларна економија во управувањето со органски отпад“.Општата цел на проектот е постигнување на циркуларна економија преку одржливо управување сооргански отпад со стекнување на практични […]

Центар за ресурси во животна средина (РЕЦ) – Северна Македонија, Флорозон – Центар за еколошка
демократија и Еко Логик во јули 2024 год. започнаa со спроведување на проектот „Граѓански
активизам за остварување на циркуларна економија во управувањето со органски отпад“.
Општата цел на проектот е постигнување на циркуларна економија преку одржливо управување со
органски отпад со стекнување на практични знаења, коишто придонесуваат за остварување на
одржлив развој.
Во рамките на проектот започнавме со спроведување на електронска анкета за утврдување на
знаењето на населението за штетниот ефект од биоразградливата компонента на био-отпадот и
степенот на познавање на начините за постапување со органскиот отпад, што се генерира во
домаќинствата. Анкетата е насочена кон сите граѓани на територија на Град Скопје и Скопскиот
плански регион, со посебен фокус на жителите на Општина Кисела Вода, Општина Карпош и
Општина Ѓорче Петров.
Кон анкетата можете да пристапите на следниов линк

За повеќе прашања и информации поврзани со анкетата, ве замолуваме да не контактирате на
078/430-251 и project@florozon.org.mk
Проектот е поддржан од Владата на Швајцарија и Амбасадата на Швајцарија во Македонија Embassy of
Switzerland in North Macedonia преку Цивика мобилитас Civica Mobilitas. Цивика мобилитас е проект на
Владата на Швајцарија за поддршка на граѓанското општество во Северна Македонија, која ја спроведуваат
Македонскиот центар за меѓународна соработка (МЦМС), НИРАС од Данска и ФЦГ од Шведска. Целта на
програмата е општествените промени во Северна Македонија кои се водени од силен граѓански сектор, од
активни граѓани и добра соработка со властите, да резултира со проширен граѓански простор, поодржливи
граѓански организации и потранспарентно, отчетно и општествено инклузивно владеење на централно и
локално ниво.
Содржината на ова писмо е единствена одговорност на Центарот за ресурси во животна средина (РЕЦ) и на
ниту еден начин не може да се смета дека ги одразува гледиштата на владата на Швајцарија, Цивика
мобилитас
, или организациите што ја спроведуваат

OTHER Activities

Градинарење со срце: Еко-настан во Бостание во рамки на ГЕА проектот

На 10 мај оваа година, имавме можност да го поминеме денот учејќи и дружeјќи се со вистински љубители на земјата, растенијата и заедничкото создавање. Настанот беше дел од едукативната серија во рамки на Еразмус+ проектот ГЕА, кој има за цел да ја подигне еколошката свест кај возрасните 🌍. Овојпат, ни се придружија Филип од Градината […]

Read more

Еко-едукација за возрасни: Посета на Отворената Градска Лабораторија во рамки на ГЕА проектот

На 7 мај имавме чест да одржиме уште еден од едукативните ГЕА еко-настани за возрасни, овој пат на едно навистина инспиративно место – Отворена Градска Лабораторија. Настанот беше дел од нашата посветеност за еколошка едукација и вклучување на возрасната популација во теми одржливи заедници и иновации. За време на посетата, учесниците имаа можност одблизу да […]

Read more

Едукативна работилница за биоотпад: Учениците од ООУ „Владо Тасевски“ активно учествуваат во создавање одржлива иднина

Изминатата недела, учениците од ООУ „Владо Тасевски“ – Скопје имаа можност да бидат дел од инспиративна и едукативна работилница, која се одржа во Биотехнолошката лабораторија. Настанот беше организиран во рамки на проектот „Граѓански активизам за остварување на циркуларна економија во управувањето со органски отпад“, кој има за цел да ја зголеми свеста и вклученоста на […]

Read more

Еко Логик на EntreComp Project Incubator во Рим

Еко Логик учествуваше на EntreComp Project Incubator, кој се одржа од 13 до 17 април 2025 година во Рим, Италија. Овој настан беше дел од Youth@Work партнерството и беше организиран од Италијанската Национална агенција за Еразмус+, со поддршка од Националната агенција за европски образовни програми и мобилност од Македонија. Во текот на оваа енергична недела, […]

Read more

GREEEN настан: Наставници и ученици во акција за одржливо образование

Со огромно задоволство ве покануваме на настан преку кој ќе се одбележи успешната соработка помеѓу наставници и ученици, кои заедно создадоа значајни едукативни материјали, интегрирајќи теми од уметност, технологија, природни и општествени науки. Овој настан ќе биде вистинска инспирација за вашиот професионален развој. На него ќе бидат претставени: Ако не сте во можност да присуствувате […]

Read more

Работилница за промоција на H4U прирачникот – Активна едукација за сите генерации

Еко Логик, во соработка со Национален Парк Галичица, организираше едукативна работилница за промоција на прирачникот H4U. Настанот беше отворен за сите и привлече учесници на возраст од 4 до 90 години, кои заедно учествуваа во низа едукативни и забавни игри. Целта на оваа работилница беше на пристапен начин, преку интерактивни активности, да се доближат темите […]

Read more