На 7 мај имавме чест да одржиме уште еден од едукативните ГЕА еко-настани за возрасни, овој пат на едно навистина инспиративно место – Отворена Градска Лабораторија. Настанот беше дел од нашата посветеност за еколошка едукација и вклучување на возрасната популација во теми одржливи заедници и иновации.
За време на посетата, учесниците имаа можност одблизу да се запознаат со просторот и активностите кои се реализираат во оваа уникатна лабораторија. Највпечатливо беше запознавањето со учениците кои редовно ја користат лабораторијата за учење, експериментирање и развивање на сопствени еколошки и технолошки решенија. Преку нивните приказни, видовме колку е важно младите да имаат пристап до вакви современи образовни алатки.
Искрена благодарност до сите учесници за нивниот интерес и ангажман, и особено до тимот од првата биотехничка лабораторија кој несебично го сподели своето знаење и искуство.
Овој настан беше организиран во рамки на Еразмус+ проектот ГЕА, кој има за цел да ја подигне еколошката свест кај возрасните преку низа активности и едукативни настани. Тој е дел од пролетната серија активности кои Еко Логик ги спроведува во април и мај.
Продолжуваме со нови настани и еко-иницијативи – следете нè за повеќе информации и приклучете се во градење на поодржливо општество!











