Еко Логик на годишниот самит на Global Shapers Community во Женева

Луна Китановска, член на нашиот тим во Еко Логик, од 8 до 11 јули 2025 година ќе учествува на годишниот самит на Global Shapers Community – иницијатива на Светскиот економски форум, што ќе се одржи во Женева, Швајцарија. Овој престижен настан ги обединува инспиративните млади лидери од целиот свет кои работат на создавање позитивни и […]

Луна Китановска, член на нашиот тим во Еко Логик, од 8 до 11 јули 2025 година ќе учествува на годишниот самит на Global Shapers Community – иницијатива на Светскиот економски форум, што ќе се одржи во Женева, Швајцарија.

Овој престижен настан ги обединува инспиративните млади лидери од целиот свет кои работат на создавање позитивни и одржливи промени во своите заедници. На самитот ќе присуствуваат повеќе од 500 куратори од над 500 градски хабови и 150 земји, кои ќе имаат можност да воспостават глобални врски и да разменат искуства со меѓународни лидери и експерти.

Луна како куратор ќе учествува во презентации на иновативни проекти и ќе биде дел од важни дискусии, истовремено активно вмрежувајќи се и претставувајќи ја посветеноста на Еко Логик кон одржливиот развој и климатските акции.

Global Shapers Community брои речиси 20.000 млади лидери во над 500 хабови ширум светот, кои веќе реализирале над 3.000 локални проекти, допирајќи повеќе од 2,5 милиони луѓе и инспирирајќи промени на глобално ниво.

За повеќе информации за Global Shapers Community посетете:
🌐 globalshapers.org
Исто така, следете дел од сесиите онлајн тука:
📺 nextgennow-2025

Со заеднички чекори кон поодржлива иднина!

OTHER News

Учениците покажаа дека био-отпадот може да стане ресурс и зелена бизнис можност

На 28 мај во Градски парк – Школка во Скопје се одржа завршниот настан на проектот „Граѓански активизам за остварување на циркуларна економија во управувањето со органски отпад“, кој во изминатите две години ги обедини учениците, наставниците, граѓаните, општините и граѓанските организации околу темата за одржливо управување со био-отпадот и развој на циркуларна економија. Настанот […]

Read more

Шарен велосипедски свет: креативна работилница и донација на велосипедски паркинзи во ООУ „Петар Поп Арсов“

Минатата недела во ООУ „Петар Поп Арсов“ се одржа креативната работилница за декорација и донација на велосипедски паркинзи „Шарен велосипедски свет“, во организација и како донација од Еко Логик. На работилницата учествуваа 55 дечиња од второ одделение, кои преку игра и креативна практична работа имаа можност да се запознаат со основните принципи на реупотреба и […]

Read more

Кога децата создаваат промена: Вело-Буре паркинзите како приказна за креативност, реупотреба и одржлива мобилност

На 21.05.2026, во рамки на Денот без автомобили организиран од Вело Училишта / Car Free Day by Velo School, oрганизиравме креативна работилница што го претвори училишниот двор во простор исполнет со боја, идеи и детска енергија. Повеќе од 100 дечиња учествуваа во активности за декорација, кроење и лепење со користени и отпадни велосипедски гуми. Преку […]

Read more

DIFERAL Билтен бр. З

Третото издание на DIFERAL билтенот ги претставува најновите активности и напредокот на Erasmus+ проектот насочен кон развој на инклузивно, диференцирано и еколошки ориентирано образование преку дигитални иновации. Во изминатиот период партнерите работеа на финализирање на пет образовни модули кои ќе им помогнат на наставниците и едукаторите да применуваат современи и инклузивни пристапи во наставата. Паралелно […]

Read more

Akuo EduLab – иновативен „Living Lab“

Што ако иднината на одржливоста започнува во училница? Во време кога светот се соочува со климатски предизвици, енергетска криза и потреба од одржлив развој, сè појасно станува дека вистинската промена не започнува само со технологија. Таа започнува со луѓето. Со знаењето што го пренесуваме. Со вредностите што ги градиме кај младите генерации. Токму затоа, образованието […]

Read more

GreenLead започна нова фаза: Пилот програма за МСП

Со задоволство го споделуваме Билтен бр. 3 на GreenLead, каде ги претставуваме најновите резултати и активности на проектот. Од април 2026, GreenLead ја започна пилот фазата во партнерските земји, со цел да поддржи мали и средни претпријатија (МСП) во зелената транзиција преку обуки, дигитални алатки и практични решенија. Во рамки на проектот е развиена програма […]

Read more