Еко Логик станува дел од коалицијата за заштита на урбаното зеленило

Од 17 декември, Еко Логик официјално е дел од коалицијата посветена на борбата против злоупотребата на урбаното зеленило. Оваа иницијатива обединува граѓански организации, активисти и граѓани, со цел да се обезбеди достапно зеленило во секое соседство и општина, како и да се создадат услови за транспарентност и одговорност во неговото управување. Коалицијата ќе работи на […]

Од 17 декември, Еко Логик официјално е дел од коалицијата посветена на борбата против злоупотребата на урбаното зеленило. Оваа иницијатива обединува граѓански организации, активисти и граѓани, со цел да се обезбеди достапно зеленило во секое соседство и општина, како и да се создадат услови за транспарентност и одговорност во неговото управување.

Коалицијата ќе работи на застапување за зелени јавни простори, заедно со механизми за пријавување случаи на корупција кои се однесуваат на злоупотреба на урбаното зеленило. На граѓаните ќе им биде достапна и поддршка од стручен тим за решавање на овие случаи.

За првите чекори во оваа иницијатива, имавме можност да учествуваме на јавна дебата на тема заштита на урбаното зеленило, каде се разговараше за предизвиците и можностите за подобрување на состојбата во урбаните средини.

Оваа активност е дел од поширока рамка на проектот “Граѓаните против корупцијата во животната средина,” кој е финансиран со цел поддршка на транспарентноста и инклузијата во процесите поврзани со управувањето на природните ресурси.

Соработката и отворениот дијалог меѓу граѓанските организации и институциите се клучен чекор кон создавање одржливи и зелени урбани простори. Еко Логик ќе продолжи активно да се ангажира во заштитата на природните вредности и промоцијата на еколошките принципи во урбаните заедници.

OTHER News

Проектот INTERGREEN доби признание како пример за добра пракса во рамки на програмата Еразмус+

Со голема гордост ја споделуваме веста дека проектот INTERGREEN официјално доби ознака за „добра пракса“ од програмата Еразмус+. Ова признание претставува силен доказ за посветеноста, соработката и влијанието кое нашиот транснационален тим го постигна во изминатите две години. Преку INTERGREEN успеавме да вклучиме општини од Франција, Италија, Португалија, Грција, Кипар и Македонија, создавајќи простор за […]

Read more

Инспиративна работилница за одржлив туризам во Кочани

На почетокот на јуни, заедно со Општина Кочани, организиравме уште една едукативна и инспиративна работилница посветена на темата одржлив туризам. Настанот се одржа во Кочани и беше наменет за средношколци и наставници од локалните училишта. За време на работилницата ја претставивме програмата за е-учење за одржлив туризам, развиена во рамки на PRepare проектот. Преку интерактивна […]

Read more

Давиде, волонтерот од Европскиот солидарен корпус, се приклучи на нашиот тим во Скопје!

Во потрага по нови предизвици и искуство, Давиде реши да ги помине следните шест месеци со нас, придонесувајќи кон еколошки промени и учејќи повеќе за одржливост, мобилност и локални иницијативи. Веќе е целосно вклучен во нашите проекти, полн со идеи, енергија и желба да направи разлика – а ние сме среќни што сме дел од […]

Read more