🎉 Инспиративен GREEEN настан во Скопје! 🌍
📍 30 април | Младински Центар Матично
Под мотото „Пријави се. Поврзи се. Инспирирај се. Научи. Сподели. Развивај се себе и учениците“, Еко Логик и ССОУ „Димитрија Чуповски“ – Велес го организираа мултипликаторниот настан за промоција на резултатите од проектот GREEEN – Games, Resources, Environment, Entrepreneurship and Education Network.
👥 На настанот беа споделени:
Прирачник за претприемништво – со нови идеи за претприемачки предизвици.
Прирачник за воннаставни активности – креативни решенија за учење надвор од училница.
Онлајн лекции – 80 нови дигитални ресурси од областа на природни и општествени науки, уметност технологија, кои ќе го збогатат искуството на наставникот.
Презентација на најдобрите еколошки иницијативи и претприемачки проекти – извонредни примери на иновации и еколошки проекти во кои учениците активно учествуваa.
Статии од онлајн весник, создадени од учениците- повеќе од 100 написи кои се фокусирани на еколошки прашања и претприемништво
Презентација на стрип – визуелно инспиративно согледување на еколошките проблеми.
Учениците зборуваа за своето искуство од нивното учество преку подготвка на статии, стрип и проекти
📣 Што велат учесниците?
✔️ Одлична организација и корисна содржина
✔️ Практични и иновативни примери, особено стрипот како едукативна алатка
✔️ Доволно време за дискусија и размена на искуства
✔️ Силна желба за повторна соработка и идни активности
Овој настан го потврди значењето на креативниот пристап во едукацијата и важноста на соработка помеѓу ученици и наставници. Продолжуваме со уште поголема мотивација! 💡🌿













