Кабинетите по хемија како мали лаборатории за иновации и одржливост

Кога училниците по хемија се претвораат во мали лаборатории, а учениците во вистински иноватори, учењето добива ново значење. На 25 ноември 2025 година, тимот реализираше интерактивна работилница за повторна употреба и пренамена на био-отпадот во ООУ „Партенија Зографски“, во општина Кисела Вода. Активноста беше дел од настаните на отворено со караванот за демонстрирање експерименти во […]

Кога училниците по хемија се претвораат во мали лаборатории, а учениците во вистински иноватори, учењето добива ново значење. На 25 ноември 2025 година, тимот реализираше интерактивна работилница за повторна употреба и пренамена на био-отпадот во ООУ „Партенија Зографски“, во општина Кисела Вода. Активноста беше дел од настаните на отворено со караванот за демонстрирање експерименти во училиштата.

Работилницата беше организирана со минимален теоретски дел и силен фокус на практичната работа. Учениците самостојно експериментираа, дискутираа и истражуваа како секојдневниот отпад, како отпадните масла и лушпите од компири, може да се пренамени и да стане вредна суровина. Преку ваков пристап, тие се запознаа со концептите на циркуларната економија и со можностите науката да понуди конкретни решенија за еколошките предизвици.

Овие настани, реализирани во рамките на караванот за демонстрирање експерименти во училиштата, се дел од проектот „Граѓански активизам за остварување на циркуларна економија во управувањето со органски отпад“. Проектот го спроведува Resource Environmental Center – REC North Macedonia, во партнерство со Еко Логик и Center for Environmental Democracy – Florozon.

Проектот е поддржан од Владата на Швајцарија преку програмата Civica Mobilitas. Преку вакви активности, учениците не само што стекнуваат нови знаења, туку и се охрабруваат критички да размислуваат, да експериментираат и активно да придонесуваат кон поодржлива иднина.

OTHER Uncategorized

Еко Логик на Националниот форум 2025 – зајакнување на улогата на граѓанското општество

На 26 ноември 2025 година, Еко Логик учествуваше на Националниот форум – Саем на граѓански организации, кој оваа година се одржа под мотото „Соработка на Владата со граѓанското општество“. Настанот претставуваше важна можност за дијалог, размена на искуства и унапредување на соработката помеѓу институциите и граѓанските организации. Во рамките на саемот, тимот на Еко Логик […]

Read more

Европски искуства во управувањето со био-отпадот: што навистина функционира?

Управувањето со био-отпадот претставува еден од клучните предизвици, но и можности, за одржливо урбано живеење. Органскиот отпад сочинува значителен дел од вкупниот комунален отпад, а неговото правилно одделно собирање и преработка има директно влијание врз намалување на депониите, емисиите на стакленички гасови и развојот на циркуларната економија. Иако на ниво на Европската Унија само околу […]

Read more

Научниот караван со еко-инспирација во ООУ „Кирил Пејчиновиќ“ – Кисела Вода

Научниот караван оваа учебна година се врати со обновена енергија и уште поголема инспирација за младите генерации. На 30 октомври 2025 година, тимот на Научниот караван го посети ООУ „Кирил Пејчиновиќ“ во општина Кисела Вода, носејќи едукативни активности што ја поврзуваат науката, екологијата и секојдневниот живот. Преку интерактивни и практични демонстрации, учениците имаа можност да […]

Read more

Едукативна работилница за био-отпад и циркуларна економија во ООУ „Круме“

Во рамките на караванот за демонстрации на експерименти во основните училишта, оваа недела беше реализиран уште еден едукативен и инспиративен настан – работилница за повторна употреба и пренамена на био-отпад, со учениците од ООУ „Круме Кепески“ во општина Кисела Вода. Посебна вредност на настанот претставуваше вклученоста на волонтери – ученици кои претходно учествуваа на обуки […]

Read more