Младите, идеите и зелените промени во фокусот на одбележувањето на 50 години Општина Карпош

По повод одбележувањето на 50 години од постоењето на Општина Карпош, во Ресурсниот центар Карпош организиравме средба посветена на младите, заштитата на животната средина и можностите за создавање поодржливи и поправедни заедници. Кога младите ќе добијат простор да ги споделат своите идеи, да поставуваат прашања и да предлагаат решенија, се отвораат разговори што можат да […]

По повод одбележувањето на 50 години од постоењето на Општина Карпош, во Ресурсниот центар Карпош организиравме средба посветена на младите, заштитата на животната средина и можностите за создавање поодржливи и поправедни заедници.

Кога младите ќе добијат простор да ги споделат своите идеи, да поставуваат прашања и да предлагаат решенија, се отвораат разговори што можат да бидат почеток на вистински промени. Токму тоа беше целта на оваа средба – да поттикнеме размена на искуства, да отвориме важни прашања и да покажеме дека секој може да придонесе за позитивни промени во својата заедница.

Преку различни активности, ги поврзавме темите за храната, отпадот, циркуларната економија, младинското учество и зачувувањето на животната средина.

ROOTED: Малите акции што создаваат големи промени

Преку изложба на фотографии од микроакциите реализирани во рамки на проектот ROOTED – Rebooting the Food System: Youth Engagement for Agroecology and Due Diligence, ги претставивме активностите со кои младите се вклучуваат во создавањето поправеден и поодржлив систем на храна.

Изложбата беше можност да ги споделиме досегашните искуства и да покажеме како локалните иницијативи, одржливото производство на храна и активното учество на младите можат да придонесат за позитивни промени.

Младите и нивната улога во создавањето поодржливи заедници

Еден од најважните делови на средбата беше отворената дискусија со младите, во која разговаравме за нивното учество во заедницата, можностите за вклучување во локални активности и добрите практики за зачувување на животната средина.

Разменивме идеи за тоа како младите можат да бидат поактивни во процесите на донесување одлуки, како да препознаваат локални предизвици и како нивните предлози можат да прераснат во конкретни иницијативи.

„Втор живот!“ – Креативноста како дел од циркуларната економија

Преку младинската работилница „Втор живот!“ ја доближивме циркуларната економија на еден поинаков и интерактивен начин.

Активноста беше реализирана во рамки на проектот „Граѓанското општество и младите за инклузивен и одржлив развој преку циркуларна економија во Северна Македонија“, поддржан од Европската Унија преку ИПА програмата за граѓанско општество.

Преку креативни активности, учесниците имаа можност да размислуваат поинаку за отпадот, повторната употреба на материјалите и можностите за продолжување на животниот век на предметите што секојдневно ги користиме.

Гласот на младите преку Eco Social Voices и Podquest: Youth Voices

Во рамки на средбата ги претставивме и Eco Social Voices и Podquest: Youth Voices – два одделни проекти кофинансирани од програмата Еразмус+ на Европската Унија.

Преку различни активности и формати, двата проекти го поттикнуваат младинското учество и им овозможуваат на младите да ги изразат своите ставови, идеи и искуства, отворајќи простор нивниот глас да биде слушнат.

Промените започнуваат со учество

Средбата уште еднаш покажа дека младите не се само иднината на нашите заедници, туку и нивни активни двигатели денес. Нивните идеи, иницијативи и подготвеноста да учествуваат се важен дел од градењето поодржлива иднина.

Голема благодарност до сите млади, учесници и соработници кои беа дел од оваа средба, ги споделија своите размислувања и придонесоа за отворена и инспиративна дискусија.

Продолжуваме да создаваме можности за учество, да споделуваме добри практики и да ги поддржуваме иницијативите што носат позитивни промени во заедницата.

OTHER News

Еко Логик потпиша Меморандум за соработка со Независниот синдикат на предучилишните работници и „5-тата сила“

Со цел зајакнување на соработката и создавање нови можности за унапредување на предучилишното образование, Еко Логик потпиша Меморандум за соработка со Независниот синдикат на предучилишните работници и „5-тата сила“. Ова партнерство претставува значаен чекор кон поврзување на граѓанскиот сектор со претставниците на предучилишните работници, со заедничка визија за поквалитетно, поинклузивно и поодржливо образование, како и […]

Read more

Eco-Competent: Climate Café отвори разговор за климатската анксиозност и менталната благосостојба на младите во Штип

Што чувствуваме кога размислуваме за климатската криза? Како климатските промени влијаат врз нашата ментална благосостојба и како грижата за иднината на планетата може да стане поттик за позитивна промена? Овие прашања беа во фокусот на Climate Café, одржано во MladiHub Штип, каде што млади луѓе се собраа да разговараат за климатската анксиозност и емоциите поврзани […]

Read more

Quality Label European Solidarity Corps

We are proud to be part of the European Solidarity Corps (ESC) through the Quality Label, which recognises our organisation’s capacity to deliver volunteering activities in line with the programme’s principles, objectives, and quality standards. The Quality Label recognises Eco Logic’s capacity to provide meaningful and well-supported volunteering experiences, creating opportunities for young people to […]

Read more

ECOSOCIAL VOICES претставен на YCDF Skopje Local Point: Младите како двигатели на климатските промени

Климатската акција започнува со младите, нивните идеи и можноста активно да учествуваат во создавањето промени. Во Europe House во Скопје, Еко Логик, во партнерство со Youth Climate Diplomacy Forum (YCDF), го претстави проектот ECOSOCIAL VOICES на презентацискиот настан посветен на YCDF Skopje Local Point. Настанот беше можност за запознавање со целите, визијата и активностите на […]

Read more

Eco-Competent во Штип: Отвораме разговор за климатската анксиозност

Како климатските промени влијаат врз нашите емоции? Што е климатска анксиозност и како загриженоста за иднината на планетата може да стане поттик за позитивни промени? Овие прашања беа во фокусот на Climate Café во MladiHub Штип, локална дисеминациска активност преку која меѓународното искуство и стекнатото знаење беа споделени со младите во локалната заедница. Од меѓународен […]

Read more

ECO-STEAM4BASICS: Природата како училница за учење, истражување и откривање

ECO-STEAM4BASICS обединува 11 организации од Кипар, Австрија, Грција, Северна Македонија, Белгија, Шведска, Данска и Словенија. Конзорциумот вклучува универзитети, организации за обука на наставници, организации од граѓанското општество и јавни образовни институции. Оваа разновидност овозможува поврзување на научните истражувања, педагошкото искуство и практичните потреби на училиштата. Партнерите се: Преку оваа меѓународна соработка, проектот има можност да […]

Read more