Со големо задоволство започнавме нова активност во рамки на проектот за циркуларна економија – селективно собирање и преработка на био-отпад во компост.
Во ООУ „Рајко Жинзифов“ – Општина Кисела Вода, беше поставен градинарски компостер AL-KO K 390, донација од проектот, изработен од рециклиран материјал и со капацитет од 390 литри.
Преку оваа активност започнуваме со практична примена на компостирањето и поттикнуваме:
селекција на био-отпад
развој на циркуларна економија
одржливи практики во училиштата
едукација на најмладите за грижа кон животната средина
Учениците имаа можност да слушнат кратко и практично предавање за процесот на компостирање и правилно користење на компостерот.
На настанот присуствуваа директорката на училиштето, наставници, ученици, претставник од Општина Кисела Вода и проектните партнери.
Оваа активност се реализира во рамките на проектот „Граѓански активизам за остварување на циркуларна економија во управувањето со органски отпад“, спроведуван од Resource Environmental Center – REC North Macedonia Центарот за ресурси во животна средина (РЕЦ) – Северна Македонија, Eco – Logic и Center for Environmental Democracy – Florozon Флорозон – Центар за еколошка демократија, со поддршка од Владата на Швајцарија и Embassy of Switzerland in North Macedonia преку програмата Цивика мобилитас #CivicaMobilitas.
Содржината на оваа видео е единствена одговорност на партнерите во проектот и на ниту еден начин не може да се смета дека ги одразува гледиштата на Владата на Швајцарија #CHinMK, Цивика мобилитас #CivicaMobilitas, или организациите што ја спроведуваат.
#CivicaMobilitass, #CHinMK, Цивика мобилитас (civicamobilitas.mk)




