Младински иницијативи – ООУ „Климент Охридски“ – Битола

Покрај осумте младински иницијативи за животна средина и климатски промени на градинките, наградени беа и пет одделни младински иницијативи од наставници и основни училишта во државата. Првата на која и се посветуваме денес е „ВОЛШЕБНИОТ СТАКЛЕНИК“ на Виолета Стевановска и ООУ „Климент Охридски“ – Битола.  Тоа што треба да знаете за иницијативата е дека идејата […]

Покрај осумте младински иницијативи за животна средина и климатски промени на градинките, наградени беа и пет одделни младински иницијативи од наставници и основни училишта во државата. Првата на која и се посветуваме денес е „ВОЛШЕБНИОТ СТАКЛЕНИК“ на Виолета Стевановска и ООУ „Климент Охридски“ – Битола. 

Тоа што треба да знаете за иницијативата е дека идејата за стакленикот потекнува од самите ученици кои преку „brainstorming“ разговараа и гласаа за идеја која сакаат и која можат да ја реализираат во училишниот двор. Иницијативата еволуираше околу идејата за засадување на растенија – прочистувачи на воздухот во затворените простории, како и нивно набљудување и истражување во рамки на училишна лабораторија – Стакленик. Преку активностите во рамки на иницијативата, учениците се стекна со знаења за растенијата, за фотосинтеза и начини на размножување, вклучително и за користење на микроскоп. Во рамки на активностите, учениците беа активно вклучени во истражувањето на растенијата и идентификација на оние растенија кои го прочистуваат воздухот од една страна, а од друга страна се практични и украсни за поставување во училниците. Дополнително, учениците самостојно засадуваат и размножуваат растенија, истите ги одгледуваат, и пишуваат дневници за работа, од кои подоцна се изработи Прирачник. 

Кон крајот на март и април, Еко Логик организираше натпревар за градинките и училиштата во кој, право на учество имаа само оние кои ја минаа обуката „Искуствено учење и интеграција на концепти од природните науки, животната средина и климатските промени во образовниот систем“. Обуката беше организирана во 2021 година во рамки на проектот на „Охрабрување на децата и младите во Северна Македонија да станат двигатели на промените за намалување на ранливоста на заедниците од климатските промени“, спроведуван од УНИЦЕФ со финансиска поддршка од Шведска. Во рамки на проектот беше организиран и самиот натпревар како и националната конференција „Искуствено учење од областа на животната средина и климатските промени“ (5-6 октомври) на која и беа промовирани победниците.

OTHER News

GreenLead. Зелени вештини. Зелени лидери.

На 10 септември, во Europe House Skopje, ќе се одржи завршниот настан на проектот GreenLead – Introducing the Job Profile of the Green Leader. Настанот е посветен на препознавањето и развивањето на зелените вештини и нивната важност за современото работно опкружување, организациите и зелената трансформација. Ќе ги претставиме главните резултати од проектот, развиените ресурси и […]

Read more

Циркуларна економија и повторна употреба на талогот од кафе

Талогот од кафе не мора да заврши во отпад. Од природно ѓубриво и неутрализатор на мириси, до одгледување печурки, биојаглен и обновлива енергија – неговата повторна употреба отвора бројни можности за поодржливо и циркуларно живеење. Прочитајте ја целата статија и откријте како талогот од вашето кафе може да добие нов живот. Оваа статија е подготвена […]

Read more

Биојагленот во училиштата: учење за животната средина преку практично искуство

Како да им ја приближиме на децата темата за климатските промени, здрава почва и одржливо градинарство? Одговорот е едноставен – преку практично учење. Во рамки на EUKI проектот „Cutting Carbon – Promoting Biochar for Climate Change Mitigation“, партнерските организации од Сицилија, Северна Македонија и Хрватска спроведуваат едукативни активности во основните училишта, со цел учениците да […]

Read more

Шест месеци учење, истражување и нови искуства со Киара

По шест незаборавни месеци, дојде време да ѝ кажеме „до видување“ на нашата волонтерка Киара. Нејзиниот престој беше исполнет со учење, истражување, нови искуства и активно учество во секојдневните активности на организацијата. Во текот на овие шест месеци, Киара имаше можност одблиску да се запознае со нашата работа, да сподели свои идеи и да придонесе […]

Read more

Од идеја до акција: „Граѓански активизам за остварување на циркуларна економија во управувањето со органски отпад“

Видеата што ги споделуваме се создадени за време на работилниците и тестирањето на зелените бизнис идеи со ученици од основните училишта во општините Карпош, Ѓорче Петров и Кисела Вода. Тие го прикажуваат процесот низ кој младите учеа како био-отпадот може да се претвори во ресурс, иновација и можност за одржлив развој. Во текот на работилниците, […]

Read more

Нов „Зелен“ прирачник: Практичен водич за одржливо работење и зелена транзиција на МСП

Зелената транзиција повеќе не е само глобален предизвик, туку и можност за компаниите да создадат поодржливи, поефикасни и поконкурентни бизнис модели. Малите и средни претпријатија (МСП) имаат клучна улога во оваа промена, но често се соочуваат со прашања: од каде да започнат, кои алатки да ги користат и како одржливоста да ја претворат во практична […]

Read more