Минатата недела ја завршивме со исклучително значаен и инспиративен настан – петочко хуманитарно готвење организирано во рамки на иницијативата „Ретвитни оброк – Retweet a meal“. На овој настан, група посветени и прекрасни луѓе се собраа со една заедничка цел: да помогнат на оние што имаат потреба од поддршка и да поттикнат поголема свест за хуманоста и активизмот.
За време на настанот, споделивме не само топли оброци, туку и важни пораки за значењето на хуманоста кон луѓето и кон природата. Потсетиме колку е важно граѓанското учество во локалните акции и како секој од нас може да направи промена во својата заедница.
Резултатот беше импресивен – безмалку 150 топли оброци беа зготвени и веднаш поделени. Повеќе од тоа, настанот создаде посвесни сограѓани кои сфатија дека помошта не е само индивидуална работа, туку колективна одговорност.
Особена благодарност до неуморните пензионерки од Чаир кои својот труд и време го вложија во реализацијата на оваа хуманитарна акција, како и до сите други учесници кои ни се придружија и дадоа свој придонес.
Овој настан беше организиран во рамки на Еразмус+ проектот ГЕА, кој има за цел да ја подигне еколошката свест кај возрасните. Настанот е дел од серија едукативни активности што Еко Логик ги спроведува во периодот април-мај, со цел да ја поттикне одговорноста кон животната средина и заедницата.
Ваквите иницијативи се потсетник дека секој од нас може да биде дел од промена – со мал гест, со отворено срце и со посветеност кон другите. Само така, заедно, можеме да создадеме поздраво и повнимателно општество.