Дали сакаш да ги преиспиташ стереотипите, да го изразиш своето мислење и да придонесеш за општество во кое секоја девојка може слободно да биде тоа што е?
Те покануваме да се пријавиш за учество во проектот „Не ме ставај во рамка!“ – Девојки против стереотипите, кој го спроведува Здружението за заштита и унапредување на животната средина Еко Логик – Скопје.
Проектот ќе се спроведува од 1 декември 2026 до 31 мај 2027 година и е наменет за девојки и млади жени на возраст од 15 до 29 години.
Преку интерактивни работилници и креативни лаборатории, ќе имаш можност да разговараш и учиш за:
- Родови стереотипи и родови улоги;
- Дискриминација и родово базирано насилство меѓу врсници;
- Самодоверба, лични граници и здрави врснички односи;
- Дигитален сексизам и безбедност на интернет;
- Креативно изразување преку раскажување приказни, фотографија и кратки видеа.
Проектот „Не ме ставај во рамка!“ – Девојки против стереотипите е кофинансиран од Европската Унија во рамки на проектот „AGREE!“.
Закажаните датуми, времиња и локации на работилниците и креативните лаборатории ќе ти бидат дополнително соопштени навреме. Избраните учеснички ќе добијат информации за распоредот и деталите за присуство преку оставените контакт-информации.
Ќе имаш можност да разменуваш идеи со други девојки, да го споделиш своето мислење и да учествуваш во создавање креативни пораки и содржини за кампањата „Не ме ставај во рамка!“.
Кој може да се пријави?
Девојки и млади жени на возраст од 15 до 29 години од Македонија.
Каде и кога?
Активностите ќе се реализираат во рамки на проектниот период, со информации за конкретните датуми и локации што ќе им бидат доставени на избраните учеснички.
Како да се пријавиш?
Пополнувањето на формуларот трае неколку минути. Пријавувањето не гарантира автоматски избор за учество. Избраните учеснички ќе бидат контактирани од тимот на Еко Логик.
Твоето мислење е важно. Не дозволувај другите да те ставаат во рамка!