Со спортска страст и визија за иднината: Успешно ја затворивме завршната конференција на проектот “Good Governance and Sustainability in Sport Practice”

Со огромна чест и инспирација ја затворивме интернационалната завршна конференција на проектот Good Governance and Sustainability in Sport Practice, организирана од Еко-Логик во соработка со партнери од Италија, Шпанија, Србија, Унгарија и Германија . Оваа конференција обедини повеќе од 70 учесници – спортисти, спортски менаџери, тренери, волонтери, претставници на клубови, локални спортски здруженија, федерации, како […]

Со огромна чест и инспирација ја затворивме интернационалната завршна конференција на проектот Good Governance and Sustainability in Sport Practice, организирана од Еко-Логик во соработка со партнери од Италија, Шпанија, Србија, Унгарија и Германија .

Оваа конференција обедини повеќе од 70 учесници – спортисти, спортски менаџери, тренери, волонтери, претставници на клубови, локални спортски здруженија, федерации, како и претставници од Македонскиот олимписки комитет. Заедно, ја споделивме нашата заедничка посветеност кон одржлив развој во спортот и унапредување на доброто управување.

Темите што ги дискутиравме беа клучни и актуелни – транспарентност, инклузивност, и долгорочна одржливост во спортските практики. Преку инспиративни презентации од партнерите на проектот, динамични дискусии со говорници од различни спортски профили и интерактивни работилници, се развија идеи за нови иницијативи и проекти кои ќе продолжат да го градат патот кон еден поодржлив спортски систем.

Голема благодарност до сите учесници, говорници и соработници кои дадоа свој придонес во оваа успешна приказна. Вашата енергија, знаење и ентузијазам се основата врз која ќе продолжиме да градиме одржливи спортски заедници.

Особена благодарност упатуваме до Факултетот за физичко образование, спорт и здравје при УКИМ, кој беше домаќин на конференцијата. Со голема почит му се заблагодаруваме на проф. д-р Влатко Неделковски, декан на факултетот, за неговата отвореност, поддршка и топло гостопримство.

Овој настан уште еднаш покажа дека академската заедница има важна улога во унапредување на принципите на добро управување и одржливост во спортот. Заедно, преку меѓусекторска и меѓународна соработка, можеме да создадеме подобра иднина за спортот – иднина каде што вредностите, одговорноста и одржливоста се во срцето на секое спортско делување.

OTHER Events News

Еко Логик на IDEAS Networking Event: Стратешко вмрежување и перспективи за иднината на европското финансирање

IDEAS Networking Event, организиран од CESIE ETS, повторно се потврди како една од водечките европски платформи за вмрежување на организациите во областа на образованието, обуките, иновациите и истражувањето. Настанот обедини организации, експерти и носители на одлуки од цела Европа со заедничка цел – размена на знаење, градење стратешки партнерства и навигација во услови на постојани […]

Read more

Три години посветеност на одржливиот туризам: Финале на проектот PRepare во Турција

По три години интензивна работа, посветеност и силна меѓународна соработка, на 26 ноември го одбележавме официјалното завршување на проектот PRepare – иницијатива што ги поврза младите и локалните институции од Македонија, Турција, Италија и Грција околу заедничка визија: развој и унапредување на одржливи туристички практики. Финалната конференција се одржа во градот Ушак, Турција, каде заедно […]

Read more

Eco Logic меѓу најбараните организации на INNEXA Alliance 2025 во Мадрид

На 4 и 5 ноември, во Talent Garden – Мадрид, се одржа настанот на INNEXA Alliance, кој обедини 127 учесници, 84 организации и 34 земји од 3 континенти, меѓу кои беа универзитети, компании, јавни институции и граѓански организации посветени на иновации, одржливост и прекугранична соработка. Вкупно беа организирани 445 состаноци, а нашата организација беше препознаена […]

Read more

Десетина моќни гласови и една заедничка порака: Скопје заслужува да биде подобар и позелен град

Вчера, на 30 октомври, амфитеатарот на Нетавил се претвори во сцена каде што градот проговори – преку гласовите на активисти, експерти, средношколци и пензионери кои споделија една заедничка визија: Скопје заслужува да биде поубаво, позелено и похумано место за живеење. Под наслов „Што со пост-изборно Скопје?“, граѓаните имаа можност да дискутираат, да прашаат и да […]

Read more

INNO Kids – Кога учењето станува игра, а играта инспирација!

Настанот INNO Kids ја претстави новата димензија на образованието – онаа во која учењето станува забавно, динамично и инспиративно. Овој еднодневен настан собра повеќе од 40 наставници од различни училишта и дисциплини, обединети околу една идеја – дека образованието може и треба да биде креативно, инклузивно и насочено кон активна улога на учениците. Во текот […]

Read more

Финален партнерски состанок и меѓународна конференција во Брисел – Завршуваме едно прекрасно поглавје на GEA!

На 21 и 22 октомври го одржавме последниот партнерски состанок во рамките на проектот GEA, каде што заедно со партнерите ги сумиравме резултатите и заеднички ја заокруживме оваа трогодишна приказна на инспирација, учење и позитивни промени. Овој значаен настан се одржа во Брисел и беше збогатен со завршна меѓународна конференција, на која ги споделивме: ✨ […]

Read more