ЈУГД 13ти Ноември

Децата сакаат утрински вежби за растегнување и дишење. Особено сакаат кога овие вежби ги прават надвор – во природа. Впрочем, секоја активност на отворено им е омилена.   Погледнете ги фотографиите од двете активности на отворено што градинката 13 Ноември – Скопје ги организираше во текот на ноември месец. Едната преку која децата учат правилно да […]

Децата сакаат утрински вежби за растегнување и дишење. Особено сакаат кога овие вежби ги прават надвор – во природа. Впрочем, секоја активност на отворено им е омилена.  

Погледнете ги фотографиите од двете активности на отворено што градинката 13 Ноември – Скопје ги организираше во текот на ноември месец. Едната преку која децата учат правилно да дишат, да ја развиваат свеста за телото и потребата од растегнување, а другата – садење есенско цвеќе, организирана во рамки на подготовките за роденденот на градинката.  

Активностите на отворено се организираат во рамки на Glow Project, кој освен во Македонија, се спроведува во Данска, Кипар, Португалија и Словачка. Проектот е поддржан преку Erasmus Plus програмата и истиот цели да поттикне едукативни активности со децата надвор – на отворено. Еко Логик е партнер во овој проект.

OTHER News

Од отпад до ресурс: Започнува компостирањето во ООУ „Рајко Жинзифов“

Со големо задоволство започнавме нова активност во рамки на проектот за циркуларна економија – селективно собирање и преработка на био-отпад во компост. Во ООУ „Рајко Жинзифов“ – Општина Кисела Вода, беше поставен градинарски компостер AL-KO K 390, донација од проектот, изработен од рециклиран материјал и со капацитет од 390 литри. Преку оваа активност започнуваме со […]

Read more

Edu Lab Green Transfer: Поврзување на образованието за одржливост со практичен ангажман во заедницата

Во време кога одржливоста станува еден од најважните приоритети на современото општество, образованието игра клучна улога во подготовката на младите генерации за предизвиците на иднината. Токму од оваа потреба произлезе проектот Edu Lab Green Transfer, иницијатива која во текот на осум месеци успешно ги поврза високото образование, основното образование, локалните институции и граѓанскиот сектор со […]

Read more

Учениците покажаа дека био-отпадот може да стане ресурс и зелена бизнис можност

На 28 мај во Градски парк – Школка во Скопје се одржа завршниот настан на проектот „Граѓански активизам за остварување на циркуларна економија во управувањето со органски отпад“, кој во изминатите две години ги обедини учениците, наставниците, граѓаните, општините и граѓанските организации околу темата за одржливо управување со био-отпадот и развој на циркуларна економија. Настанот […]

Read more

Шарен велосипедски свет: креативна работилница и донација на велосипедски паркинзи во ООУ „Петар Поп Арсов“

Минатата недела во ООУ „Петар Поп Арсов“ се одржа креативната работилница за декорација и донација на велосипедски паркинзи „Шарен велосипедски свет“, во организација и како донација од Еко Логик. На работилницата учествуваа 55 дечиња од второ одделение, кои преку игра и креативна практична работа имаа можност да се запознаат со основните принципи на реупотреба и […]

Read more

Кога децата создаваат промена: Вело-Буре паркинзите како приказна за креативност, реупотреба и одржлива мобилност

На 21.05.2026, во рамки на Денот без автомобили организиран од Вело Училишта / Car Free Day by Velo School, oрганизиравме креативна работилница што го претвори училишниот двор во простор исполнет со боја, идеи и детска енергија. Повеќе од 100 дечиња учествуваа во активности за декорација, кроење и лепење со користени и отпадни велосипедски гуми. Преку […]

Read more

DIFERAL Билтен бр. З

Третото издание на DIFERAL билтенот ги претставува најновите активности и напредокот на Erasmus+ проектот насочен кон развој на инклузивно, диференцирано и еколошки ориентирано образование преку дигитални иновации. Во изминатиот период партнерите работеа на финализирање на пет образовни модули кои ќе им помогнат на наставниците и едукаторите да применуваат современи и инклузивни пристапи во наставата. Паралелно […]

Read more