Вмрежување за посилни локални политики и заштита на животната средина

Еко Логик, како една од организациите грантисти на програмата Civica Mobilitas, заедно со партнерите Resource Environmental Center – REC North Macedonia и Center for Environmental Democracy – Florozon, учествуваше на средбата за вмрежување што се одржа во Гевгелија. Настанот претставуваше значајна платформа за размена на мислења, искуства и добри практики помеѓу граѓанските организации и другите […]

Еко Логик, како една од организациите грантисти на програмата Civica Mobilitas, заедно со партнерите Resource Environmental Center – REC North Macedonia и Center for Environmental Democracy – Florozon, учествуваше на средбата за вмрежување што се одржа во Гевгелија.

Настанот претставуваше значајна платформа за размена на мислења, искуства и добри практики помеѓу граѓанските организации и другите релевантни чинители. Посебен акцент беше ставен на улогата на животната средина во програмите и агендите на кандидатите за локалните избори во 2025 година, како и на потребата овие теми да бидат системски и суштински интегрирани во локалните политики.

Во рамки на дискусиите се отворија важни прашања поврзани со одговорностите и можностите на граѓанскиот сектор, Министерството за локална самоуправа и ЗЕЛС, како и со улогата на градоначалниците и советниците во креирањето и спроведувањето одржливи локални решенија. Беше нагласено дека соработката помеѓу институциите и граѓанските организации е клучна за унапредување на транспарентноста, учеството на граѓаните и ефективното адресирање на еколошките предизвици на локално ниво.

Средбата во Гевгелија уште еднаш ја потврди важноста на вмрежувањето и дијалогот како основа за градење посилни локални заедници и поодржливи политики, во кои заштитата на животната средина има заслужено централно место.

OTHER News

GreenLead. Зелени вештини. Зелени лидери.

На 10 септември, во Europe House Skopje, ќе се одржи завршниот настан на проектот GreenLead – Introducing the Job Profile of the Green Leader. Настанот е посветен на препознавањето и развивањето на зелените вештини и нивната важност за современото работно опкружување, организациите и зелената трансформација. Ќе ги претставиме главните резултати од проектот, развиените ресурси и […]

Read more

Циркуларна економија и повторна употреба на талогот од кафе

Талогот од кафе не мора да заврши во отпад. Од природно ѓубриво и неутрализатор на мириси, до одгледување печурки, биојаглен и обновлива енергија – неговата повторна употреба отвора бројни можности за поодржливо и циркуларно живеење. Прочитајте ја целата статија и откријте како талогот од вашето кафе може да добие нов живот. Оваа статија е подготвена […]

Read more

Биојагленот во училиштата: учење за животната средина преку практично искуство

Како да им ја приближиме на децата темата за климатските промени, здрава почва и одржливо градинарство? Одговорот е едноставен – преку практично учење. Во рамки на EUKI проектот „Cutting Carbon – Promoting Biochar for Climate Change Mitigation“, партнерските организации од Сицилија, Северна Македонија и Хрватска спроведуваат едукативни активности во основните училишта, со цел учениците да […]

Read more

Шест месеци учење, истражување и нови искуства со Киара

По шест незаборавни месеци, дојде време да ѝ кажеме „до видување“ на нашата волонтерка Киара. Нејзиниот престој беше исполнет со учење, истражување, нови искуства и активно учество во секојдневните активности на организацијата. Во текот на овие шест месеци, Киара имаше можност одблиску да се запознае со нашата работа, да сподели свои идеи и да придонесе […]

Read more

Од идеја до акција: „Граѓански активизам за остварување на циркуларна економија во управувањето со органски отпад“

Видеата што ги споделуваме се создадени за време на работилниците и тестирањето на зелените бизнис идеи со ученици од основните училишта во општините Карпош, Ѓорче Петров и Кисела Вода. Тие го прикажуваат процесот низ кој младите учеа како био-отпадот може да се претвори во ресурс, иновација и можност за одржлив развој. Во текот на работилниците, […]

Read more

Нов „Зелен“ прирачник: Практичен водич за одржливо работење и зелена транзиција на МСП

Зелената транзиција повеќе не е само глобален предизвик, туку и можност за компаниите да создадат поодржливи, поефикасни и поконкурентни бизнис модели. Малите и средни претпријатија (МСП) имаат клучна улога во оваа промена, но често се соочуваат со прашања: од каде да започнат, кои алатки да ги користат и како одржливоста да ја претворат во практична […]

Read more