LEGO работилница на ЕХО Фестивал на планински филм

Од 19 до 22 септември 2022 година во МКЦ се одржа ЕХО Фестивал на планински филм во рамки на кој, освен промоција на велосипедизмот на големи височини, Здружение „Еко Логик“ одржа и работилница за дизајнирање на Еко град со помош на лего коцки. Работилницата имаше за цел да ја промовира едукативната Lego програма за одржлив […]

Од 19 до 22 септември 2022 година во МКЦ се одржа ЕХО Фестивал на планински филм во рамки на кој, освен промоција на велосипедизмот на големи височини, Здружение „Еко Логик“ одржа и работилница за дизајнирање на Еко град со помош на лего коцки. Работилницата имаше за цел да ја промовира едукативната Lego програма за одржлив развој, инаку наменета за основците и наставниците во државата. На работилницата, учество земаа учениците од I-во до IV-то одделение при ООУ „Вера Јоциќ“ од Скопје. 

Работилницата е дел од проектот „Designing with Lego: The Eco-cities of tomorrow“. 

Проектот е финансиран преку програмата Еразмус+.

На 15 ноември 2022 година се одржа и последниот, завршен состанок на партнерите во проектот RIDE & SMILE. 

Проектот промовира возење велосипед до училиште во 6 земји во Европа, меѓу кои и Македонија. На состанокот, освен членовите на тимот на организациите-партнери, учествуваа и наставници од ООУ „Песталоци“, како дел од мрежата на Вело Училишта и Здружение „Еко Логик“.

OTHER News

Eco-Competent

Eco-Competent is a European project that aims to strengthen the capacity of youth workers to support young people facing climate-related challenges and eco-anxiety. As concerns about climate change continue to grow, many young people experience feelings of uncertainty, fear, and helplessness about the future. At the same time, they are motivated to make a positive […]

Read more

Од отпад до производ: Како био-отпадот станува дел од нашето секојдневие 

Био-отпадот претставува органски отпад кој потекнува од домаќинствата, пазарите, градините и прехранбената индустрија. Во оваа категорија спаѓаат остатоци од овошје и зеленчук, талог од кафе, лушпи од јајца, лисја и трева. Иако најчесто се третира како отпад, био-отпадот претставува вреден ресурс. Во контекст на циркуларната економија, тој се користи како суровина за создавање нови материјали, […]

Read more

ВЕЛО-БУРЕ ПАРКИНГ Циркуларно решение за одржлива урбана мобилност

Вело-Буре паркинг е иновативно решение кое го трансформира отпадниот материјал во функционална урбана инфраструктура за паркирање велосипеди. Преку примена на принципите на циркуларна економија, иницијативата придонесува кон намалување на отпадот, поттикнување на велосипедската култура и создавање поодржливи градови. Решението е наменето за училишта, општини, јавни институции и приватни компании кои сакаат да инвестираат во зелена […]

Read more

Од отпад до ресурс: Започнува компостирањето во ООУ „Рајко Жинзифов“

Со големо задоволство започнавме нова активност во рамки на проектот за циркуларна економија – селективно собирање и преработка на био-отпад во компост. Во ООУ „Рајко Жинзифов“ – Општина Кисела Вода, беше поставен градинарски компостер AL-KO K 390, донација од проектот, изработен од рециклиран материјал и со капацитет од 390 литри. Преку оваа активност започнуваме со […]

Read more

Edu Lab Green Transfer: Поврзување на образованието за одржливост со практичен ангажман во заедницата

Во време кога одржливоста станува еден од најважните приоритети на современото општество, образованието игра клучна улога во подготовката на младите генерации за предизвиците на иднината. Токму од оваа потреба произлезе проектот Edu Lab Green Transfer, иницијатива која во текот на осум месеци успешно ги поврза високото образование, основното образование, локалните институции и граѓанскиот сектор со […]

Read more

Учениците покажаа дека био-отпадот може да стане ресурс и зелена бизнис можност

На 28 мај во Градски парк – Школка во Скопје се одржа завршниот настан на проектот „Граѓански активизам за остварување на циркуларна економија во управувањето со органски отпад“, кој во изминатите две години ги обедини учениците, наставниците, граѓаните, општините и граѓанските организации околу темата за одржливо управување со био-отпадот и развој на циркуларна економија. Настанот […]

Read more