Национален младински совет на Македонија – НМСМ

Национален младински совет на Македонија – НМСМ Националниот младинскиот совет на Македонија НМСМ e сојуз на здруженија во кој на доброволна основа членуваат здруженија и фондации од Република Македонија. НМСМ е основана на 29 јуни 2013 година од страна на 55 организации. НМСМ е претставничко тело на младинските организации во Македонија. НМСМ обединува 51 организација: […]

Национален младински совет на Македонија – НМСМ

Националниот младинскиот совет на Македонија НМСМ e сојуз на здруженија во кој на доброволна основа членуваат здруженија и фондации од Република Македонија. НМСМ е основана на 29 јуни 2013 година од страна на 55 организации.

НМСМ е претставничко тело на младинските организации во Македонија. НМСМ обединува 51 организација: 15 младински организации, 21 организација за млади, 1 сојуз, 4 подмладоци на други организации, 1 универзитетско студентско собрание и 9 придружни членки, со цел да се промовираат и застапуваат младите и правата на младите во Македонија.

Членството на НМСМ е разновидно, обединувајќи организации кои работат на национално и регионално ниво, рурални и урбани средини, студентски организации, ограноци на меѓународни организации и други типови на здруженија. Во процесот на остварување на своите цели, НМСМ ги застапува интересите на младите во Република Македонија без разлика на нивната социо-економска положба, пол, раса, етничко и културно потекло, политичкото и верското уверување, сексуална ориентација, родов идентитет или било која друга форма на разлика.

Од 29 ноември 2015 година, Националниот младински совет на Македонија е дел од европското семејство на младински организации, Европски младински форум ЕМФ.

Во моментов во НМСМ функционираат две програми, програма за добро владеење и програма за стратешки развој.

OTHER Network Uncategorized

PATS Билтен бр.1

Младите уметници го освојуваат јавниот простор – PATS Возбудени сме официјално да го претставиме проектот „Младите уметници го освојуваат јавниот простор – PATS“ (Performance Artists Take The Streets) иницијатива која ги поврзува младите уметници, младинските работници и културните организации во заедничка мисија: уметноста да стане двигател на општествени и еколошки промени. PATS ја носи уметноста […]

Read more

Еко Логик на IDEAS Networking Event: Стратешко вмрежување и перспективи за иднината на европското финансирање

IDEAS Networking Event, организиран од CESIE ETS, повторно се потврди како една од водечките европски платформи за вмрежување на организациите во областа на образованието, обуките, иновациите и истражувањето. Настанот обедини организации, експерти и носители на одлуки од цела Европа со заедничка цел – размена на знаење, градење стратешки партнерства и навигација во услови на постојани […]

Read more

Еко Логик избран за контакт точка на YCDF – нов чекор кон поодржлива иднина

Со огромно задоволство ја објавуваме веста дека Еко Логик е официјално избран како контакт точка за Скопје во рамките на Форумот за Младинска Климатска Дипломатија за Југоисточна Европа (Youth Climate Diplomacy Forum – YCDF). Овој избор не е само признание за нашата долгорочна работа во полето на животната средина, туку и значајна можност за понатамошно […]

Read more

Eco Logic меѓу најбараните организации на INNEXA Alliance 2025 во Мадрид

На 4 и 5 ноември, во Talent Garden – Мадрид, се одржа настанот на INNEXA Alliance, кој обедини 127 учесници, 84 организации и 34 земји од 3 континенти, меѓу кои беа универзитети, компании, јавни институции и граѓански организации посветени на иновации, одржливост и прекугранична соработка. Вкупно беа организирани 445 состаноци, а нашата организација беше препознаена […]

Read more

Eco-Logic стана член на CONNECT International

Со голема чест и гордост објавуваме дека нашата работа беше препознаена со што Eco-Logic станува најнов член на CONNECT International – европска мрежа која обединува поединци и организации посветени на подршка на младите и заштита на дигиталните права. CONNECT International ги обединува организациите кои веруваат дека партнерствата и мрежите се важен двигател на промени, а […]

Read more

Youth & Commute: Европско признание за јазична и културна разноликост

На 21 октомври 2025 година, Австриската агенција за образование и интернационализација (OeAD) ги престави најуспешните проекти во областа на демократското образование, јазичната разноликост и младинската инклузија. Меѓу наградените иницијативи се истакна проектот Youth & Commute, кој ја доби Европската награда за јазици (European Language Label) во категоријата Млади. Ова признание претставува потврда за заедничките напори […]

Read more