Конференција за искуствено учење од областа на животната средина и климатските промени – прв ден

На 5 октомври 2022 година се одржа првиот ден од  дводневната Конференција за искуствено учење од областа на животната средина и климатските промени (05-0.10.2022). На конференцијата учествуваа амбасадорката на Шведска – г-а Ами Ларсон Јаим, заменик-претставникот на УНИЦЕФ  -. Артур Ајвазов, како и осумдесетина наставници и експерти. – Преку работата на Еко логик во искуственото […]

На 5 октомври 2022 година се одржа првиот ден од  дводневната Конференција за искуствено учење од областа на животната средина и климатските промени (05-0.10.2022). На конференцијата учествуваа амбасадорката на Шведска – г-а Ами Ларсон Јаим, заменик-претставникот на УНИЦЕФ  -. Артур Ајвазов, како и осумдесетина наставници и експерти.

– Преку работата на Еко логик во искуственото учење, УНИЦЕФ и вие, наставниците, покажавте дека знаењето не мора да се пренесува само преку книги и предавања, туку преку практична интеракција и учења преку правења, рече амбасадорката на Шведска.

– Годинава, за прв пат посветуваме конференција за едукација за климатски промени и животна средина, потенцираше Ајвазов, потсетувајќи дека влијанијата на климатската криза станаа толку очигледни што ги поткопуваат правата на секое дете. „Децата се поподложни на загадување и климатски промени, а деградацијата на животната средина е директна закана за способноста на детето да преживее, расте и напредува“, дополни тој. 

Почнувајќи од август 2021 година, кога и започнаа активностите на Еко логик, се спроведоа повеќе од 1.700 експерименти во основните училишта, вклучени беа 8.570 ученици и поддржани беа неколку младински иницијативи на наставници-ментори. Дополнително, повеќе од 60 наставници од 58 основните училишта беа вклучени во обука за искуствено учење за животна средина и климатски промени, а пак, дополнитело, знаењето и искуствата преку професорите директно вклучени во обуките и активностите во рамки на проектот беше пренесено до повеќе од 600 наставници. 

Конференцијата се организира во рамки на проектот „Охрабрување на децата и младите во Северна Македонија да станат двигатели на промените за намалување на ранливоста на заедниците од климатските промени“, спроведуван од УНИЦЕФ со финансиска поддршка на Шведска. 

Здружението „Еко логик“ е имплементирачки партнер во проектот.

Линк до целата конференцијата: 

https://www.facebook.com/EcoLogic.mk/videos/1538996099869446

OTHER News

GreenLead. Зелени вештини. Зелени лидери.

На 10 септември, во Europe House Skopje, ќе се одржи завршниот настан на проектот GreenLead – Introducing the Job Profile of the Green Leader. Настанот е посветен на препознавањето и развивањето на зелените вештини и нивната важност за современото работно опкружување, организациите и зелената трансформација. Ќе ги претставиме главните резултати од проектот, развиените ресурси и […]

Read more

Циркуларна економија и повторна употреба на талогот од кафе

Талогот од кафе не мора да заврши во отпад. Од природно ѓубриво и неутрализатор на мириси, до одгледување печурки, биојаглен и обновлива енергија – неговата повторна употреба отвора бројни можности за поодржливо и циркуларно живеење. Прочитајте ја целата статија и откријте како талогот од вашето кафе може да добие нов живот. Оваа статија е подготвена […]

Read more

Биојагленот во училиштата: учење за животната средина преку практично искуство

Како да им ја приближиме на децата темата за климатските промени, здрава почва и одржливо градинарство? Одговорот е едноставен – преку практично учење. Во рамки на EUKI проектот „Cutting Carbon – Promoting Biochar for Climate Change Mitigation“, партнерските организации од Сицилија, Северна Македонија и Хрватска спроведуваат едукативни активности во основните училишта, со цел учениците да […]

Read more

Шест месеци учење, истражување и нови искуства со Киара

По шест незаборавни месеци, дојде време да ѝ кажеме „до видување“ на нашата волонтерка Киара. Нејзиниот престој беше исполнет со учење, истражување, нови искуства и активно учество во секојдневните активности на организацијата. Во текот на овие шест месеци, Киара имаше можност одблиску да се запознае со нашата работа, да сподели свои идеи и да придонесе […]

Read more

Од идеја до акција: „Граѓански активизам за остварување на циркуларна економија во управувањето со органски отпад“

Видеата што ги споделуваме се создадени за време на работилниците и тестирањето на зелените бизнис идеи со ученици од основните училишта во општините Карпош, Ѓорче Петров и Кисела Вода. Тие го прикажуваат процесот низ кој младите учеа како био-отпадот може да се претвори во ресурс, иновација и можност за одржлив развој. Во текот на работилниците, […]

Read more

Нов „Зелен“ прирачник: Практичен водич за одржливо работење и зелена транзиција на МСП

Зелената транзиција повеќе не е само глобален предизвик, туку и можност за компаниите да создадат поодржливи, поефикасни и поконкурентни бизнис модели. Малите и средни претпријатија (МСП) имаат клучна улога во оваа промена, но често се соочуваат со прашања: од каде да започнат, кои алатки да ги користат и како одржливоста да ја претворат во практична […]

Read more