Еден од многу важните сегменти во воспитно-образовниот процес во училиштата е образованието за животна средина и климатски промени. Од сушинско значење е уште од најрана возраст учениците да усвојуваат знаења за животната средина, да формираат ставови и вредности за заштита на околината од загадуванье и одржуванье здрава и чиста животна средина, како и да преземаат иницијативи и активности за обезбедување почиста и поздрава животна околина. На таков начин, општеството ќе формира идни генерации кои ќе бидат едуцирани, со поголема свест и кои одговорно ќе се грижат да ја заштитат и одржат природата и живиот свет во неа.
Во наставните програми од прво до петто одделение на основното образование, изучувањето на животната средина е интегрирано во голем број содржини, особено во рамки на предметот Природни науки. За успешно постигнуванье на резултатите од учење утврдени во наставните програми, потребно е да се реализираат квалитетни и креативни активности на часовите преку кои учениците искуствено (преку опити и експерименти) ќе учат за животната средина и климатските промени.
Прирачникот за наставници кои реализираат настава по природни науки од прво до петто одделение ќе им помогне на одделенските и предметните наставници при планираьето и реализираьето на часовите на кои се разработуваат содржини за животната средина и климатските промени. Прирачникот е подготвен со цел да им биде поддршка и инспирација во работата на наставниците за реализирање успешна и креативна настава.
Прирачникот се состои од 30 сценарија за часови за различни содржини од наставните програми по Природни науки од прво до петто одделение, а кои се однесуваат на учење за животната средина и климатските промени. Сценаријата за часови се групирани по одделенија (од прво до петто одделение одделно).