Шест месеци учење, истражување и нови искуства со Киара

По шест незаборавни месеци, дојде време да ѝ кажеме „до видување“ на нашата волонтерка Киара. Нејзиниот престој беше исполнет со учење, истражување, нови искуства и активно учество во секојдневните активности на организацијата. Во текот на овие шест месеци, Киара имаше можност одблиску да се запознае со нашата работа, да сподели свои идеи и да придонесе […]

По шест незаборавни месеци, дојде време да ѝ кажеме „до видување“ на нашата волонтерка Киара.

Нејзиниот престој беше исполнет со учење, истражување, нови искуства и активно учество во секојдневните активности на организацијата. Во текот на овие шест месеци, Киара имаше можност одблиску да се запознае со нашата работа, да сподели свои идеи и да придонесе со своето знаење и ентузијазам.

Главен фокус на нејзиното волонтирање беше истражувањето на темата „How Museums and Art Can Promote Environmental Awareness“. Преку ова истражување, таа го разгледуваше потенцијалот на музеите и уметноста како моќни алатки за подигнување на еколошката свест и поттикнување на поактивен однос кон заштитата на животната средина.

На крајот од својот престој, Киара ги сподели резултатите од истражувањето со нашиот тим преку презентација, отворајќи простор за разговор и размена на идеи за тоа како културата, уметноста и екологијата можат да се поврзат на креативен и ефективен начин.

Но, нејзиното волонтерско искуство не се состоеше само од истражување. Во текот на престојот, таа учествуваше во бројни работилници, настани и активности, каде што секогаш носеше нови идеи, позитивна енергија и искрена желба за учење.

Во исто време, овие шест месеци беа можност Киара да го запознае животот во Македонија, нашата култура, секојдневието и локалните пристапи кон одржливото живеење. Тоа беше искуство на меѓусебно учење и споделување – таа остави дел од својата приказна кај нас, а со себе понесе нови знаења, спомени и искуства.

Киара, ти благодариме за времето, трудот, идеите и сè што сподели со нас во текот на овие шест месеци. Ти посакуваме многу успех во сите следни предизвици и се надеваме дека ова не е вистинско збогување, туку само „до следната средба“.

OTHER News

ПРИЈАВИ СЕ: „Не ме ставај во рамка!“ – Девојки против стереотипите

Дали сакаш да ги преиспиташ стереотипите, да го изразиш своето мислење и да придонесеш за општество во кое секоја девојка може слободно да биде тоа што е? Те покануваме да се пријавиш за учество во проектот „Не ме ставај во рамка!“ – Девојки против стереотипите, кој го спроведува Здружението за заштита и унапредување на животната средина Еко […]

Read more

Еко Логик потпиша Меморандум за соработка со Независниот синдикат на предучилишните работници и „5-тата сила“

Со цел зајакнување на соработката и создавање нови можности за унапредување на предучилишното образование, Еко Логик потпиша Меморандум за соработка со Независниот синдикат на предучилишните работници и „5-тата сила“. Ова партнерство претставува значаен чекор кон поврзување на граѓанскиот сектор со претставниците на предучилишните работници, со заедничка визија за поквалитетно, поинклузивно и поодржливо образование, како и […]

Read more

Младите, идеите и зелените промени во фокусот на одбележувањето на 50 години Општина Карпош

По повод одбележувањето на 50 години од постоењето на Општина Карпош, во Ресурсниот центар Карпош организиравме средба посветена на младите, заштитата на животната средина и можностите за создавање поодржливи и поправедни заедници. Кога младите ќе добијат простор да ги споделат своите идеи, да поставуваат прашања и да предлагаат решенија, се отвораат разговори што можат да […]

Read more

Eco-Competent: Climate Café отвори разговор за климатската анксиозност и менталната благосостојба на младите во Штип

Што чувствуваме кога размислуваме за климатската криза? Како климатските промени влијаат врз нашата ментална благосостојба и како грижата за иднината на планетата може да стане поттик за позитивна промена? Овие прашања беа во фокусот на Climate Café, одржано во MladiHub Штип, каде што млади луѓе се собраа да разговараат за климатската анксиозност и емоциите поврзани […]

Read more