ЦЕЛ НА АЛАТКАТА
Главната цел на алатката е стимулирање на дискусија во насока на подобрување на конкретниот предизвик преку идентификување на бенефициите и согледување на нивното влијание од четири различни аспекти: политички, економски, социјален и од аспект на животната средина.
ЧЕКОР 1:
На почетокот на сесијата, учесниците треба да кажат што тие подразбираат под терминот “Цели за одржлив развој ”. Понатаму учесниците се поделени во тимови, каде бројот на членови на тимот зависи од бројот на учесници. Преку дискусија, секој тим предложува една од целите за одржлив развој, што мислат дека е важна за нив. Потоа секоја цел е накратко презентирана пред останатитите тимови и преку гласање учесниците бираат една тема која ќе биде понатаму разработена од секој тим поединечно. Во текот на гласањето секој учесник има право да гласа за една цел, која не е предложена од неговиот тим. Подолу во текстот терминот “Цели за одржлив развој” ќе биде разработен.
ЧЕКОР 2:
Откако ќе се избере една цел, секој тим идентификува две главни придобивки од оваа цел. За секоја придобивка е потребно да се определат корисниците и две можности кои
се создаваат за овие корисници. На крајот се претставуваат два можни исходи кои произлегуваат од претставените можности. Потоа се идентификуваат два предизвика
поврзани со целите на одржлив развој. За секој предизвик се предлагаат две акции,со кои би се надминал проблемот и се определуваат засегнатите страни, одделно, приватни и јавни.
ЧЕКОР 3:
Во третиот чекор потребно е да се идентификува влијанието на превземените мерки врз политиката, економијата, општеството и животната средина.За секој аспект,тимот треба да посочи две придобивки и два проблема,и понатаму да се одредат корисниците на тие придобивки,како и потребни акции и засегнати страни за предложените проблеми.