Анализа на состојбите со зелени вештини

АНАЛИЗА НА СОСТОЈБИТЕ СО  ЗЕЛЕНИТЕ ВЕШТИНИ ВО РЕПУБЛИКА СЕВЕРНА МАКЕДОНИЈА Современиот човек се соочува со многу предизвици. Еден од позначајните е  предизвикот за стекнување нови вештини со кои ќе придонесе во зачувување на загрозениот  квалитет на животната средина и во борбата со климатските промени. Станува збор за  поефикасно производство придружено со помали емисии на СО2, […]

АНАЛИЗА НА СОСТОЈБИТЕ СО  ЗЕЛЕНИТЕ ВЕШТИНИ ВО РЕПУБЛИКА СЕВЕРНА МАКЕДОНИЈА

Современиот човек се соочува со многу предизвици. Еден од позначајните е  предизвикот за стекнување нови вештини со кои ќе придонесе во зачувување на загрозениот  квалитет на животната средина и во борбата со климатските промени. Станува збор за  поефикасно производство придружено со помали емисии на СО2, како и за производство  поголеми количества енергија од обновливи извори. 

На овој начин се дава соодветен  придонес во процесот на зазеленување на економијата и во создавање основа таа  постепено да станува одржлива. Во оваа смисла треба да се анализира појавата на зелени  вештини што ќе соодветствуваат на тековните промени и процеси, но и на новопојавените  зелени работни места. Зелените вештини треба постепено да придонесат за одржување и  обновување на квалитетот на животната средина и избегнување идно оштетување на еко-системите.

Фокусот на овој дел од истражувањето насочен е кон анализа на стратегиите од областа на заштита на животната средина, одржливиот развој, но и кон други стратегии поврзани со овие проблематики. Направен е осврт и на стратегии и програми што се однесуваат на економскиот развој, особено на проблематиката на енергетската ефикасност, работната сила и вработувањето во нашата земја. Истиов истражувачки принцип е применет и кај анализата на одделните законски акти. Изборот беше направен врз основа на релевантноста на стратегиите и законските акти од аспект на проучуваната проблематика, т.е. создавање предуслови за креирање зелени вештини. Од аспект на временскиот хоризонт, анализата ги зема предвид актуелните стратегии и документи, но и оние што се изработени во текот на последните 15-20 години. 

Притоа беше земена предвид намерата на нашата земја за интегрирање и пристапување кон ЕУ, што, во принцип, се рефлектира и во анализираните стратешки документи и правни акти што се изработени во согласност со стандардите на ЕУ.

Извршно резиме на Албански јазик

OTHER Publications Publications for adults

INNO KIDS Педагошка рамка – Поддршка на иновативно и одржливо образование

Педагошката рамка на INNO KIDS претставува современ образовен модел кој има за цел да го подобри квалитетот на учењето преку иновативни и интерактивни наставни пристапи. Проектот е кофинансиран од Европската унија и се фокусира на развој на вештини, критичко размислување и одржливо образование кај учениците. Главната визија на рамката е да поттикне учење кое не […]

Read more

Последниот билтен на проектот PRepare: Заокружување на една европска приказна за одржлив туризам

Со овој, трет по ред билтен, го споделуваме и последниот официјален билтен од проектот PRepare, со што симболично ги заокружуваме активностите и резултатите од едно повеќегодишно европско партнерство посветено на одржливиот туризам, зелените вештини и климатската одговорност. Во рамки на проектот, во изминатите три години активно ги вклучивме општините, училиштата, младите, универзитетските професори, како и […]

Read more

Градови на иднината: Како апсајклингот создава еко-градови

Во денешниот динамичен свет, градовите се соочуваат со голем предизвик: како да растат одржливо, а истовремено да ја заштитат животната средина и да го подобрат квалитетот на живот на своите жители. Европскиот проект TUDEC – Through Upcycling to the Design of Eco Cities го адресира токму овој предизвик, поттикнувајќи училишта, заедници и локални организации да […]

Read more

Дизајнерско Размислување – Моќна алатка за младинска вклученост и локален развој

D.3.1 – Ризница на алатки и видеа, ресурс кој покажува како дизајнерското размислување може значително да ја зајакне младинската вклученост и да придонесе за одржлив локален развој е веќе достапен.. Документот е резултат на паневропска партиципативна анализа, реализирана во соработка со партнери од повеќе земји. Во него се истражуваат пет клучни пристапи: Што вклучува? Содржи […]

Read more

Зелениот лидер – нов профил за одржлива иднина на МСП

Во време кога одржливоста станува клучен елемент на секоја успешна деловна стратегија, мали и средни претпријатија (МСП) низ Европа се соочуваат со потреба од нов тип на лидерство – зелено лидерство. Токму на оваа тема се фокусира документот „Профил и компетенции на зелениот лидер“, подготвен во рамки на проектот GreenLead, ко-финансиран од Европската Унија преку […]

Read more

Зелената транзиција на МСП низ Европа – извештај подготвен во рамки на GreenLead проектот

Во време кога климатските промени и еколошката одржливост се поважни од кога било, малите и средни претпријатија (МСП) се наоѓаат на првата линија на трансформацијата. Новиот извештај „Анализа на зелената транзиција кај европските МСП“ дава сеопфатен преглед на предизвиците и можностите со кои се соочуваат бизнисите на нивниот пат кон одржливо и иновативно работење. Документот […]

Read more