АНАЛИЗА ЗАСТАПЕНОСТ НА ТЕМИТЕ ЗА КЛИМАТСКИ ПРОМЕНИ ВО СРЕДНИ УЧИЛИШТА

Здравата животна средина, адаптацијата кон климатските промени како и рационалнотокористење на обновливите извори на енергија се резултати кои општеството се стреми да гипостигне, како позитивни резултати за опстанокот на човештвото. Влади, економски друштва,еколошки и граѓански организации низ светот се само неколку од ангажираните учесници воборбата против глобалните закани како што се уништувањето на животната средина, […]

Здравата животна средина, адаптацијата кон климатските промени како и рационалното
користење на обновливите извори на енергија се резултати кои општеството се стреми да ги
постигне, како позитивни резултати за опстанокот на човештвото. Влади, економски друштва,
еколошки и граѓански организации низ светот се само неколку од ангажираните учесници во
борбата против глобалните закани како што се уништувањето на животната средина, загадувањето
на почвите, водите и воздухот итн. . Создавањето на долгорочна успешна стратегија и ефикасни
решенија е можно само со систематско дејствување, што подразбира врска од низа учесници и
процеси. Според нашето мислење, процесот на образование е клучниот процес и најбитната алатка
во сеопфатна и систематска грижа за животната средина и дејствувањето против негативните
последици на климатските промени, двете клучни теми од интерес на ова истражување. За да биде
успешен тој процес, потребна е вклученост на сите засегнати учесници, почнувајќи од
институциите, како Министерството за образование и наука, Бирото за развој на образованието,
Министерството за труд и социјална политика од една страна, вработените во основните и
средните училишта (директори, наставнички, негувателки и наставнички во градинки), наставнички
и наставници во основните и средните училишта), учениците, родителите, локалната самоуправа,
општините, граѓанскиот сектор и пошироката јавност.
Но, вклученоста е само потребен, но не и доволен услов за успех. За да бидат успешни
стратегијата за успешна грижа, заштитата на животната средина и дејствувањето против штетните
последици на климатските промени, образованието, кое е основа на ова истражување, треба да
располага со соодветни, квалитетни, доволни и релевантни капацитети. Пред сè, ова се однесува на
наставните ресурси (учебници, прирачници, сликовници, видео- и аудиозаписи итн.) што нудат
готови решенија, наставни и воннаставни активности на темите од интерес што наставниците
можат да ги преземат и да ги употребат во училницата, во нивниот двор или пошироко или, пак,
нудат модели за подготовка на наставни и воннаставни активности што самите наставници би
можеле да ги смислат, организираат и реализираат со своите ученици. Уште поважно, наставните
ВОВЕД
3
планови, теми, содржини и активности треба да нудат квалитетна можност за стекнување на два
типа свесност и знаење – знаење и вештини што се применливи и ќе бидат применети во активната
заштита на животната средина и, многу побитно, да имаат можност да стекнат знаења и вештини
соодветни за зелени работни места, а на тој начин ќе дадат најквалитетен придонес во
намалувањето на последиците од климатските промени и заштитата на животната средина. За да се
постигне тоа, потребна е изработка на соодветни наставни и воннаставни извори на активности
што ќе се темели на релевантни сознанија во врска со две клучни прашања:
а) Кои теми од областа на образование за животната средина и климатските промени се
застапени во наставните програми и практики за средното образование и колку?, и
б) Колку од активностите застапени таму имаат потенцијал за стекнување на квалитетни
вештини за зелени работни места?
Во овој контекст, почетната претпоставка од која тргнува ова истражување е дека наставните
планови и програми изработени од страна на Министерство за образование и наука и Биро за
развој на образование, нудат одредени насоки, предлози и содржини од областа на климатските
промени, животната средина, а тие содржат и активности во прилог на образованието на дадените
теми, како и можност за стекнување на зелени вештини. Но, видот, обемот и квалитетот на дадените
содржини и особено квантитетот, опсегот, разновидноста на наставните ресурси потребни за
реализација на наставните и воннаставните активности предвидени со овие програми сè уште се на
значително ниско ниво. Веќе постојат анализи со слични наоди. Тие се однесуваат на застапеност на
темите во основното образование (Јовановска 2020), каде што програмите се застарени или, пак,
темите се делумно присутни во наставните програми по неколку предмети, но недостига
систематска меѓуповрзаност (Поленаковиќ 2020). Анализа на застапеноста на овие теми во рамките
на средното образование сè уште не е направена.
Сознанијата од анализата ќе помогнат да се креираат модерни, квалитетни и релевантни
дидактички извори на (вон)наставни активности преку чијашто примена децата од предучилишна
возраст и учениците од средното образование ќе имаат можност да стекнат не само корисно
4
знаење за темите од глобален еколошки интерес, како животна средина, климатски промени,
обновливи извори на енергија, велосипедизам како зелена алтернатива туку и да имаат можност да
се вклучат во активности/акции што одат во прилог на генералната цел – поздрав живот преку
зголемена свест и учество. Дополнително, таквите наставни извори ќе овозможат стекнување на
квалитетни и релевантни вештини кај средношколците потребни за зелени работни места.
Анализата е во синхронизација со проектот “Охрабрување на децата и младите во Северна
Македонија да станат двигатели на промените за намалување на ранливоста на заедниците од
климатските промени“ спроведуван од УНИЦЕФ со финансиска поддршка на Шведската агенција за
меѓународна соработка и развој (СИДА), чии цели вклучуваат и поддршка за развој на
образованието во областите на животната средина и климатските промени, да се создадат
можности и да се изградат капацитети со помош на кои младите ќе можат поуспешно да се справат
со предизвиците предизвикани од климатските промени и поуспешно да се грижат и да ја
заштитуваат животната средина на начин што на младите, вклучувајќи ги децата од предучилишна
возраст, ќе им понуди можност за учење преку активност/дејствување и вклученост во заедницата
и можност за стекнување вештини соодветни за зелени работни места. Преку детална анализа на
застапеноста на темите на животната средина и климатските промени и искористување на
добиените резултати со цел изработка на квалитетни извори и капацитети за изведба на
образованието од областите на животната средина и климатските промени, анализата ќе
придонесе кон напорите на Министерството за образование и наука, Бирото за развој на
образованието, Центарот за стручно образование и обука и УНИЦЕФ за реализација на таква
наставна програма.

OTHER Publications for adults

Empowering Green Leaders: The GREEEN Project in Action

The GREEEN project is more than just an initiative—it’s a movement that equips young minds with the tools to create lasting environmental change. Coordinated by Eco Logic and supported by partner organizations across Europe, this project is actively shaping the next generation of eco-entrepreneurs, educators, and sustainability advocates. Building Capacity for a Greener Future At […]

Read more

InterGreen Билтен #3: Резултати и достигнувања

По повеќе од две години посветена соработка, проектот InterGreen успешно се завршува, оставајќи значајно влијание врз општините во шест европски земји: Франција, Италија, Португалија, Грција, Кипар и Македонија. Овој проект, ко-финансиран од Европската Унија преку програмата Еразмус+, имаше за цел да ги зајакне зелените вештини и да овозможи поодржливи локални заедници. Главни резултати: Интерактивна едукативна […]

Read more

InterGreen Билтен #2: Зајакнување на зелените вештини во општините

Со влегувањето во 2025 година, проектот InterGreen продолжува со активностите за промоција на одржливоста и зајакнување на зелените вештини на општинските службеници во шест европски држави: Португалија, Италија, Франција, Грција, Кипар и Македонија. Овој проект е ко-финансиран од Европската Унија во рамки на програмата Еразмус+, а неговата цел е да им помогне на општините да […]

Read more

ГЕА: Водич за Одржливи Навики и Подобра Иднина

Во рамки на ГЕА проектот, беше подготвен краток водич кој има за цел да ги поттикне возрасните на создавање и практикување одржливи навики. Овој водич содржи практични совети кои преку едноставни промени можат да придонесат за поодржлива иднина за сите нас. Што содржи водичот? Водичот ги опфаќа следниве теми: Достапност и јазици Водичот е достапен […]

Read more

Revolutionizing Education and Workspaces with BYOD: Eco Logic’s Vision for a Smarter Future

In a world where digital transformation is rapidly shaping how we live, work, and learn, flexible and adaptable solutions have become key to success. At Eco Logic, we are committed to fostering innovative and sustainable practices that not only improve productivity but also align with the evolving needs of our society. One of the trends […]

Read more

Одржлива мода: Придонес кон зелена иднина проект Upcycling clothes and mind

Во свет каде што модната индустрија често е поврзана со создавање големи количества отпад и негативни влијанија врз животната средина, сè повеќе иницијативи се насочени кон тоа како одржливоста може да стане дел од нашата секојдневна облека. Иницијативата „GOOD PRACTICE“ покажува иновативни примери од различни земји за рециклирање, повторна употреба на материјали и еколошко производство, […]

Read more