АНАЛИЗА ЗАСТАПЕНОСТ НА ТЕМИТЕ ЗА КЛИМАТСКИ ПРОМЕНИ ВО ГРАДИНКИ

Здравата животна средина, адаптацијата кон климатските промени како и рационалнотокористење на обновливите извори на енергија се резултати кои општеството се стреми да гипостигне, како позитивни резултати за опстанокот на човештвото. Влади, економски друштва,еколошки и граѓански организации низ светот се само неколку од ангажираните учесници во борбатапротив глобалните закани како што се уништувањето на животната средина, […]

Здравата животна средина, адаптацијата кон климатските промени како и рационалното
користење на обновливите извори на енергија се резултати кои општеството се стреми да ги
постигне, како позитивни резултати за опстанокот на човештвото. Влади, економски друштва,
еколошки и граѓански организации низ светот се само неколку од ангажираните учесници во борбата
против глобалните закани како што се уништувањето на животната средина, загадувањето на
почвите, водите и воздухот итн.. Создавањето долгорочно успешна стратегија и ефикасни решенија е
можно само со систематско делување кое подразбира нексус од низа учесници и процеси. Процесот
на образование, според нашето мислење, е клучниот процес и најважната алатка во сеопфатната и
систематската грижа за животната средина и во делувањето против негативните последици од
климатските промени, двете клучни теми кои се од интерес на ова истражување. За да биде успешен
тој процес, потребна е вклученост на сите засегнати учесници, почнувајќи од институциите како
Министерството за образование и наука, Бирото за развој на образованието, Министерството за труд
и социјална политика, од една страна, и вработените во институциите за предучилишна возраст
(директори, негувателките и воспитувачките во градинките), дечињата од предучилишна возраст,
родителите, локалната самоуправа, општините, граѓанскиот сектор и пошироката јавност, од друга
страна.
Но, вклученоста е само потребен, но не и доволен услов за успех. За да биде успешна
стратегијата за соодветна грижа и заштита на животната средина и за делување против штетните
последици од климатските промени, образованието кое е основа на ова делување треба да
располага со соодветни, квалитетни, доволни и релевантни капацитети. Пред сѐ, ова се однесува на
наставните ресурси (учебници, прирачници, сликовници, видео и аудиозаписи итн.) кои нудат готови
решенија, наставни и воннаставни активности на темите од интерес кои наставниците можат да ги
преземат и да ги применат во градинката, нејзиниот двор или поширoко, и/или, пак, нудат модели за
подготовка на наставни и воннаставни активности кои самите наставници би можеле да ги
организираат и да реализираат со децата во својата група и со учениците. Уште поважно, наставните
планови, теми, содржини и активности треба да нудат квалитетна можност за стекнување свесност и
ВОВЕД
3
знаење кое кај децата од предучилишна возраст ќе претставува темел за подоцнежна доградба на
нивните еколошки свесни, совесни и активни личности на личен и професионален план.
Во овој контекст, почетна претпоставка од која се тргнува во рамките на ова истражување е дека
наставните планови и програми изработени од Министерство за образование и наука, Биро за развој на
образование, нудат одредени насоки, предлози и содржини од областа на климатските промени,
животната средина и тие содржат и активности во прилог на образованието на дадените теми, а
претставуваат и можност за стекнување зелени вештини. Но, видот, обемот и квалитетот на дадените
содржини и особено квантитетот, опсегот, разноликоста на наставните ресурси потребни за реализација
на наставните и воннаставните активности предвидени со овие програми сѐ уште се на ниско ниво.
Досегашните анализи на темата покажаа дека во рамките на предучилишно образование, постои
дисбаланс меѓу ниската застапеност на темите за животната средина и отсуството на темите поврзани со
климатските промени (Поленаковиќ, 2020), на ниво на основно образование програмите се застарени, а
4
застапеноста, особено на темата климатски промени речиси и да не постои (Јовановска, 2020).
Дополнително на ова, вклученоста на овие содржини во формалното образование е сегментирана, во
поединечни предмети, без нивна меѓусебна поврзаност или корелација. А обемот на досега развиените
наставни ресурси за нивна реализација е многу мал.
Анализата на застапеноста на темите за климатските промени и животната средина ќе помогне да се
креираат модерни, квалитетни и релевантни дидактички извори за (вон)наставни активности преку чија
примена децата од предучилишната возраст ќе имаат можност да стекнат не само корисно знаење за
темите кои се од глобален еколошки интерес, како што се: животната средина, климатските промени,
обновливите извори на енергија, велосипедизмот како зелена алтернатива, туку ќе имаат и можност да се
вклучат во активности/акции кои одат во прилог на генералната цел – поздрав живот преку зголемена
свест и учество во одржувањето поздрава животна средина и преку намалување на влијанијата на
климатските промени.
Конечно, постигнувањето на горенаведената цел е во синхронизација со проектот “Охрабрување на
децата и младите во Северна Македонија да станат двигатели на промените за намалување на ранливоста
на заедниците од климатските промени“ спроведуван од УНИЦЕФ со финансиска поддршка на Шведската
агенција за меѓународна соработка и развој (СИДА)
Проектните цели вклучуваат и поддршка за развој на образование во областите на животна средина
и климатски промени, да се создаде можност и да се изградат капацитети со помош на кои најмладите и
сите граѓани воопшто ќе можат поуспешно да се справат со предизвиците од климатските промени и
поуспешно да се грижат и да ја заштитуваат животната средина, така што на децата од предучилишната
возраст ќе им се понудат можности за учење преку активност/делување и вклученост во заедницата, а тоа
ќе доведе до развој на еколошки и социјално одговорни личности.
Тоа ќе се постигне преку детална анализа на наставните програми, а резултатите од анализата ќе
бидат искористени за изработка на соодветни наставни и воннаставни активности поврзани со животната
средина и климатските промени со што ќе се поддржат напорите на Министерство за образование и
наука, Биро за развој на образование и на УНИЦЕФ за создавање квалитетни образовни програми и
ресурси од областите од интерес.

OTHER Publications for adults

Empowering Green Leaders: The GREEEN Project in Action

The GREEEN project is more than just an initiative—it’s a movement that equips young minds with the tools to create lasting environmental change. Coordinated by Eco Logic and supported by partner organizations across Europe, this project is actively shaping the next generation of eco-entrepreneurs, educators, and sustainability advocates. Building Capacity for a Greener Future At […]

Read more

InterGreen Билтен #3: Резултати и достигнувања

По повеќе од две години посветена соработка, проектот InterGreen успешно се завршува, оставајќи значајно влијание врз општините во шест европски земји: Франција, Италија, Португалија, Грција, Кипар и Македонија. Овој проект, ко-финансиран од Европската Унија преку програмата Еразмус+, имаше за цел да ги зајакне зелените вештини и да овозможи поодржливи локални заедници. Главни резултати: Интерактивна едукативна […]

Read more

InterGreen Билтен #2: Зајакнување на зелените вештини во општините

Со влегувањето во 2025 година, проектот InterGreen продолжува со активностите за промоција на одржливоста и зајакнување на зелените вештини на општинските службеници во шест европски држави: Португалија, Италија, Франција, Грција, Кипар и Македонија. Овој проект е ко-финансиран од Европската Унија во рамки на програмата Еразмус+, а неговата цел е да им помогне на општините да […]

Read more

ГЕА: Водич за Одржливи Навики и Подобра Иднина

Во рамки на ГЕА проектот, беше подготвен краток водич кој има за цел да ги поттикне возрасните на создавање и практикување одржливи навики. Овој водич содржи практични совети кои преку едноставни промени можат да придонесат за поодржлива иднина за сите нас. Што содржи водичот? Водичот ги опфаќа следниве теми: Достапност и јазици Водичот е достапен […]

Read more

Revolutionizing Education and Workspaces with BYOD: Eco Logic’s Vision for a Smarter Future

In a world where digital transformation is rapidly shaping how we live, work, and learn, flexible and adaptable solutions have become key to success. At Eco Logic, we are committed to fostering innovative and sustainable practices that not only improve productivity but also align with the evolving needs of our society. One of the trends […]

Read more

Одржлива мода: Придонес кон зелена иднина проект Upcycling clothes and mind

Во свет каде што модната индустрија често е поврзана со создавање големи количества отпад и негативни влијанија врз животната средина, сè повеќе иницијативи се насочени кон тоа како одржливоста може да стане дел од нашата секојдневна облека. Иницијативата „GOOD PRACTICE“ покажува иновативни примери од различни земји за рециклирање, повторна употреба на материјали и еколошко производство, […]

Read more