Прирачник за воспитувачи за интегрирање на искуственото учење за животната средина и климатските промени во реализацијата во програмата за рано учење и развој

Во современиот воспитно-образовен процес во детските градинки и центрите за ран детски развој, едукацијата за животната средина и климатските промени зазема значајно место. Веќе од најраната возраст, од суштинска важност е децата да стекнуваат знаења за животната средина, да формираат позитивни ставови и вредности за заштита на околината од загадување и да придонесуваат кон одржување […]

Во современиот воспитно-образовен процес во детските градинки и центрите за ран детски развој, едукацијата за животната средина и климатските промени зазема значајно место. Веќе од најраната возраст, од суштинска важност е децата да стекнуваат знаења за животната средина, да формираат позитивни ставови и вредности за заштита на околината од загадување и да придонесуваат кон одржување на здрава и чиста животна средина. Со преземање иницијативи и активности за обезбедување почиста и поздрава околина, општеството ќе создаде идни генерации кои ќе бидат еколошки едуцирани, со поголема еколошка свест и кои одговорно ќе се грижат за природата и живиот свет во неа.

Во програмата за рано учење и развој, базирана на стандардите за рано учење и развој, изучувањето на животната средина е интегрирано во многу содржини, особено во рамките на подрачјето на когнитивен развој и стекнување на општи знаења. За успешно постигнување на очекуваните резултати утврдени во програмата за рано учење и развој, потребно е да се реализираат квалитетни и креативни воспитно-образовни активности во рамките на планираната дневна тема, преку кои децата ќе се запознаваат и ќе учат за животната средина на интерактивен и забавен начин.

Прирачникот се состои од 30 планирана на дневни активности за различни содржини од Програмата за рано ученье и развој, базирана на стандардите за рано ученье и развој, а кои се однесуваат на учење за животната средина и климатските промени. Планирањата на дневната тема се групирани по возрасни групи, за деца од 4 до 5 години и за деца од 5 до 6 години). За секоа возрасна група, планирањата на темата на денот/дневна подготовка се структурирани по теми кои опфаќаат содржини за животната средина:
Биодиверзитет, Екосистем, Климатски промени, Одржлив развој и Загадување.

OTHER Publications Publications for children

НАСТАВНА ПРОГРАМА ЗА СРЕДНИ УЧИЛИШТА

ЦИРКУЛАРНА ХЕМИЈА ВО ДИГИТАЛНА ЕРА Со задоволство го претставуваме нашиот најнов образовен проект – „Циркуларна хемија во дигиталната ера“. Оваа програма има за цел да ги инспирира средношколците со идеи за циркуларна економија, која ги промовира повторната употреба, рециклирањето и одговорното управување со ресурсите. Што значи „циркуларна економија“?Во основа, циркуларната економија е модел што се […]

Read more

Revolutionizing Education and Workspaces with BYOD: Eco Logic’s Vision for a Smarter Future

In a world where digital transformation is rapidly shaping how we live, work, and learn, flexible and adaptable solutions have become key to success. At Eco Logic, we are committed to fostering innovative and sustainable practices that not only improve productivity but also align with the evolving needs of our society. One of the trends […]

Read more

Одржлива мода: Придонес кон зелена иднина проект Upcycling clothes and mind

Во свет каде што модната индустрија често е поврзана со создавање големи количества отпад и негативни влијанија врз животната средина, сè повеќе иницијативи се насочени кон тоа како одржливоста може да стане дел од нашата секојдневна облека. Иницијативата „GOOD PRACTICE“ покажува иновативни примери од различни земји за рециклирање, повторна употреба на материјали и еколошко производство, […]

Read more

Empowering Migrants through Innovative Language Education: Distance Learning Methodologies HANDBOOK FOR VET EDUCATORS

Language is a key element in empowering migrants, allowing them to integrate and thrive in new environments. The Handbook for VET Educators provides a pivotal step forward in this regard, introducing methodologies for language learning tailored to migrants in Lithuania, Italy, and Macedonia. By embracing distance learning, job training, and class learning techniques, this approach […]

Read more

Прирачник за наставници за интегрирање на искуствено учење за животна средина и климатски промени во наставата по природни науки од прво до петто одделение на основното образование

Еден од многу важните сегменти во воспитно-образовниот процес во училиштата е образованието за животна средина и климатски промени. Од сушинско значење е уште од најрана возраст учениците да усвојуваат знаења за животната средина, да формираат ставови и вредности за заштита на околината од загадуванье и одржуванье здрава и чиста животна средина, како и да преземаат […]

Read more

yEUcycling

Публикации и насоки до локалната заеница. Кофинансиран од Европската Унија. Изразените ставови и мислења се на авторот и не мора да ги одразуваат ставовитеи мислењата на Европската Унија или на Европското образование икултура. Извршна агенција (EACEA). Ниту ЕвропскатаУнија ниту EACEA не можат да бидат одговорни за нив.

Read more