Во учебната 2019/2020 година беше спроведена и втората евалуација, која ги опфаќаше следните теми:
Проценка на капацитетот на училиштата во спроведување на велосипедски активности.
Проценка на инфраструктурата во и околу училиштата, како и проценка на безбедноста на сообраќајот во близина на училиштата.
Податоците што се анализираа се од вкупно 69 одговорени прашалници, добиени од 52 училишта, кои се наоѓаат во 23 општини од Македонија. Вкупно 90 наставници беа вклучени во одговарање на прашалникот.