GREEN SKILLS FOR WOMEN-Инфо за започнати обуки

Колку девојките и жените во иднина ќе бидат рамноправни учесници на пазарот на трудот кој, се’ позасилено е во потрага по т.нар., „зелени таленти“ ќе зависи од нивната способност и знаења да нудат „зелени“, иновативни и одржливи решенија, како во приватниот „зелен сектор“, така и во јавниот.‍ Но истото ќе биде возможно само доколку на […]

Колку девојките и жените во иднина ќе бидат рамноправни учесници на пазарот на трудот кој, се’ позасилено е во потрага по т.нар., „зелени таленти“ ќе зависи од нивната способност и знаења да нудат „зелени“, иновативни и одржливи решенија, како во приватниот „зелен сектор“, така и во јавниот.‍

Но истото ќе биде возможно само доколку на девојките и жените им овозможиме еднаков пристап до не само квалитетно образование, но и едукација за „зелени вештини“.  

Токму затоа, Здружение „Еко Логик“ и „Видливост“, заедно со партнерите од Србија, почнувајќи од 25 октомври 2022 година организираат три одделни обуки за девојки и жени, фокусирани на јакнење на нивните зелени вештини и компетенции, практични и теоретски знаења за еко иновации, како и за темите поврзани со одржлив развој. 

Обуките се спроведуваат во времетраење од два месеци. Истите ќе завршат заклучно со декември 2022 година. По завршувањето на обуките и особено практичниот дел од обуките, околу 20 девојки и жени – учеснички во обуките ќе се здобијат со сертификати за успешно завршена обука. 

Трите обуки за кои, Еко Логик имаше објавено јавен повик за пријавување на учесници се организираат во рамки на проектот Green Skills 4 Women. Истиот е дел од Еразмус+ програмата и е поддржан од Национална агенција за европски образовни програми и мобилност.  

OTHER News

Youth Climate Diplomacy Forum – Skopje Local Point: Повик за млади за климатска акција и дипломатија

Младите се важен дел од разговорот за климатските промени и иднината на животната средина. Тие не се само идни носители на промени, туку и активни учесници во процесите што се одвиваат денес. Токму затоа, Eco Logic – Скопје, во партнерство со Youth Climate Diplomacy Forum (YCDF), го организира презентацискиот и промотивниот настан за YCDF Skopje […]

Read more

Од пилотирање до влијание: Greenlead влегува во завршната фаза

Билтен бр. 4 | Септември 2026 Проектот Greenlead влегува во својот последен месец – но работата за позелена иднина не завршува тука. По месеци на развој, тестирање, учење и споделување искуства, партнерството ги заокружи клучните активности и ги стави резултатите на располагање на оние на кои им се најпотребни: малите и средните претпријатија (МСП), стручното […]

Read more

GreenLead. Зелени вештини. Зелени лидери.

На 10 септември, во Europe House Skopje, ќе се одржи завршниот настан на проектот GreenLead – Introducing the Job Profile of the Green Leader. Настанот е посветен на препознавањето и развивањето на зелените вештини и нивната важност за современото работно опкружување, организациите и зелената трансформација. Ќе ги претставиме главните резултати од проектот, развиените ресурси и […]

Read more

Циркуларна економија и повторна употреба на талогот од кафе

Талогот од кафе не мора да заврши во отпад. Од природно ѓубриво и неутрализатор на мириси, до одгледување печурки, биојаглен и обновлива енергија – неговата повторна употреба отвора бројни можности за поодржливо и циркуларно живеење. Прочитајте ја целата статија и откријте како талогот од вашето кафе може да добие нов живот. Оваа статија е подготвена […]

Read more

Биојагленот во училиштата: учење за животната средина преку практично искуство

Како да им ја приближиме на децата темата за климатските промени, здрава почва и одржливо градинарство? Одговорот е едноставен – преку практично учење. Во рамки на EUKI проектот „Cutting Carbon – Promoting Biochar for Climate Change Mitigation“, партнерските организации од Сицилија, Северна Македонија и Хрватска спроведуваат едукативни активности во основните училишта, со цел учениците да […]

Read more

Шест месеци учење, истражување и нови искуства со Киара

По шест незаборавни месеци, дојде време да ѝ кажеме „до видување“ на нашата волонтерка Киара. Нејзиниот престој беше исполнет со учење, истражување, нови искуства и активно учество во секојдневните активности на организацијата. Во текот на овие шест месеци, Киара имаше можност одблиску да се запознае со нашата работа, да сподели свои идеи и да придонесе […]

Read more