ПОРТФОЛИО-Вело Училишта

Програмата Вело Училишта се базира на пристапот за промена на однесувањето, кој се применува во проектите за Европска одржливост на мобилноста, преку препознавање на училиштата кои успешно имплементираат активности поврзани со темата велосипедизам.

Почитувани деца, родители и наставници

Се започна кон крајот на 2018 година, кога заедно со 10тина основни училишта започнавме да работиме на интегрирање на темата велосипедизам. Гледајќи го интересот на учениците, наставниците, но и родителите посакувавме уште поголема опфатеност, посакувавме се повеќе деца да имаат шанса да бидат вклучени во нашите активности, дизајнирани за во училница (теорија) и надвор од неа (пракса). Задоволство ни е да споделиме дека во овој момент Вело Училишта брои повеќе од 100 тина активни членки-основни училишта од сите региони во Македонија.

Но, ние не застануваме тука. Напротив, продолжуваме уште повеќе, уште подобро, со крајна цел-се повеќе деца на велосипед, деца кои ги имаат потребните вештини за управување на велосипед, но и деца кои ги знаат и почитуваат сообраќајните правила.

Во портфолиото на Вело Училишта ќе имате шанса да се запознаете со нашата досегашна работа, за која е одговорен посветен тим на професионалци и ентузијасти, вљубеници во велосипедизмот.

Ви посакуваме безбедно возење!

OTHER Publications Publications for children

INNO KIDS Педагошка рамка – Поддршка на иновативно и одржливо образование

Педагошката рамка на INNO KIDS претставува современ образовен модел кој има за цел да го подобри квалитетот на учењето преку иновативни и интерактивни наставни пристапи. Проектот е кофинансиран од Европската унија и се фокусира на развој на вештини, критичко размислување и одржливо образование кај учениците. Главната визија на рамката е да поттикне учење кое не […]

Read more

Последниот билтен на проектот PRepare: Заокружување на една европска приказна за одржлив туризам

Со овој, трет по ред билтен, го споделуваме и последниот официјален билтен од проектот PRepare, со што симболично ги заокружуваме активностите и резултатите од едно повеќегодишно европско партнерство посветено на одржливиот туризам, зелените вештини и климатската одговорност. Во рамки на проектот, во изминатите три години активно ги вклучивме општините, училиштата, младите, универзитетските професори, како и […]

Read more

Градови на иднината: Како апсајклингот создава еко-градови

Во денешниот динамичен свет, градовите се соочуваат со голем предизвик: како да растат одржливо, а истовремено да ја заштитат животната средина и да го подобрат квалитетот на живот на своите жители. Европскиот проект TUDEC – Through Upcycling to the Design of Eco Cities го адресира токму овој предизвик, поттикнувајќи училишта, заедници и локални организации да […]

Read more

Дизајнерско Размислување – Моќна алатка за младинска вклученост и локален развој

D.3.1 – Ризница на алатки и видеа, ресурс кој покажува како дизајнерското размислување може значително да ја зајакне младинската вклученост и да придонесе за одржлив локален развој е веќе достапен.. Документот е резултат на паневропска партиципативна анализа, реализирана во соработка со партнери од повеќе земји. Во него се истражуваат пет клучни пристапи: Што вклучува? Содржи […]

Read more

Зелениот лидер – нов профил за одржлива иднина на МСП

Во време кога одржливоста станува клучен елемент на секоја успешна деловна стратегија, мали и средни претпријатија (МСП) низ Европа се соочуваат со потреба од нов тип на лидерство – зелено лидерство. Токму на оваа тема се фокусира документот „Профил и компетенции на зелениот лидер“, подготвен во рамки на проектот GreenLead, ко-финансиран од Европската Унија преку […]

Read more

Зелената транзиција на МСП низ Европа – извештај подготвен во рамки на GreenLead проектот

Во време кога климатските промени и еколошката одржливост се поважни од кога било, малите и средни претпријатија (МСП) се наоѓаат на првата линија на трансформацијата. Новиот извештај „Анализа на зелената транзиција кај европските МСП“ дава сеопфатен преглед на предизвиците и можностите со кои се соочуваат бизнисите на нивниот пат кон одржливо и иновативно работење. Документот […]

Read more