Europe House во Скопје беше домаќин на промоцијата на прирачникот „Прирачник за еколошко образование и климатска писменост“ чии автори имаа чест да го претстават прирачникот пред бројната публика За време на промоцијата авторите на прирачникот Билјана Арсовска, Кирил Арсовски – Пржо и Никола Нешкоски зборуваа од каде ја добиле идеата да го направат овој прирачник, неговата потреба во образованието, но и надвор од него.
Промоцијата ја започна Никола Нешкоски, директорот на Еко Логик, кој откако ги претстави своите колеги одделенскиот наставник Билјана Арсовска и професор Кирил Арсовски – Пржо, ја сподели првичната идеја на прирачникот: „Ние како организација сметаме дека процесот на едукација, без разлика на која целна група, треба да се заснова на пракса, односно дека еден предавач и пасивни слушатели, според нас, сметаме дека треба да се промени. Сметаме дека процесот треба да е интерактивен, да ги вклучува сите страни во самата училница или надвор од неа и треба да е пред се интересен.“
На прашање на Никола Нешкоски до Билјана Арсовска „Кој е првичниот интерес на учениците, првичната реакција?“ одделенскиот наставник одговори „Учениците се горди на сопствениот успех, од резултатот на сопствениот труд, горди кога ќе го погледнат својот сопствен труд. Во искуственото учење сите одговори се дозволени, сите одговори се точни, не е како класичниот приказ со кревање на рака и давање на точен одговор, преку учењето на експерименти сите ученици учествуваат, тоа значи сите се подеднакво равноправни, сите се активни, голема придобивка е дека учествуваат и оние ученици кои се обично посрамежливи. Учениците тоа што го гледаат, тоа што го допираат, тоа го кажуваат. Кај учениците во пониските одделенија се развива нивната љубопитност и можат токму тие искуствени учења да ги трансформираат нивните знањеа во образовните искуства и да дојдат до нивниот краен резултат. Знаењето останува долготрајно. Особено битно е дека знањето кај учиниците е стекнато, а не научено.
Промоцијата немаше да биде во целост доколку не се уверивме во експериментите кои се запишани во прирачникот, па за тоа, тука беа учениците од Основното Училиште „Вера Јоциќ“ од Скопје кои пред публиката ги демонстрираа експериментите и објаснија што секој експеримент претставува.