Stronger Together

Stronger Together охрабрува започнување дискусија уште од раните фази на образованието на учениците. Вежбањето уште од рана возраст на тематиките моралност, самоконтрола, вклучување и диверзитет, критичко мислење и превенција и решавање на конфликти може да придонесе до зајакнување на познавањата за истите низ текот на адолесценцијата.

Stronger Together или Заедно Посилни е составен од наставна програма која е составена од 5 модули кои наставниците ќе ги користат на часовите, со цел да се одржува дијалог за социјално вклучување, критичко мислење, моралност, самоконтрола, превенција на конфликти и решенија на конфликти кои сепак ќе помогнат за превенција на радикализацијата.

Наставната програма ќе ги опреми едукаторите да ја водат дебатата и да ги подобрат нивните способности за предавања на темата, која моментално има недостик на материјали за ученици од основно училиште во многу земји. Наставната програма е поддржана и со дигитална друштвена игра. Наставната програма и друштвената игра ќе ги ангажираат наставниците, учениците и родителите, притоа продолжувајќи ја дискусијата и надвор од училницата. Ова ќе придонесе за подобра размена на различни идеи и гледни точки на темата. Затоа, наставната програма комбинира конвенционални методи на учење и материјали со дигиталната игра, притоа придонесувајќи и за дигитално образование на едукаторите и учениците, истовремено потврдувајќи дека дигитализација е добра за социјални активности и тимска работа.

Наставната програма е составена од 5 модули и поврзани активности за понатамошното знаење за проектот, и водство околу користење на наставната програма и дигиталната игра погледнете го линкот Stronger Together Handbook .

OTHER Publications Publications for children

INNO KIDS Педагошка рамка – Поддршка на иновативно и одржливо образование

Педагошката рамка на INNO KIDS претставува современ образовен модел кој има за цел да го подобри квалитетот на учењето преку иновативни и интерактивни наставни пристапи. Проектот е кофинансиран од Европската унија и се фокусира на развој на вештини, критичко размислување и одржливо образование кај учениците. Главната визија на рамката е да поттикне учење кое не […]

Read more

Последниот билтен на проектот PRepare: Заокружување на една европска приказна за одржлив туризам

Со овој, трет по ред билтен, го споделуваме и последниот официјален билтен од проектот PRepare, со што симболично ги заокружуваме активностите и резултатите од едно повеќегодишно европско партнерство посветено на одржливиот туризам, зелените вештини и климатската одговорност. Во рамки на проектот, во изминатите три години активно ги вклучивме општините, училиштата, младите, универзитетските професори, како и […]

Read more

Градови на иднината: Како апсајклингот создава еко-градови

Во денешниот динамичен свет, градовите се соочуваат со голем предизвик: како да растат одржливо, а истовремено да ја заштитат животната средина и да го подобрат квалитетот на живот на своите жители. Европскиот проект TUDEC – Through Upcycling to the Design of Eco Cities го адресира токму овој предизвик, поттикнувајќи училишта, заедници и локални организации да […]

Read more

Дизајнерско Размислување – Моќна алатка за младинска вклученост и локален развој

D.3.1 – Ризница на алатки и видеа, ресурс кој покажува како дизајнерското размислување може значително да ја зајакне младинската вклученост и да придонесе за одржлив локален развој е веќе достапен.. Документот е резултат на паневропска партиципативна анализа, реализирана во соработка со партнери од повеќе земји. Во него се истражуваат пет клучни пристапи: Што вклучува? Содржи […]

Read more

Зелениот лидер – нов профил за одржлива иднина на МСП

Во време кога одржливоста станува клучен елемент на секоја успешна деловна стратегија, мали и средни претпријатија (МСП) низ Европа се соочуваат со потреба од нов тип на лидерство – зелено лидерство. Токму на оваа тема се фокусира документот „Профил и компетенции на зелениот лидер“, подготвен во рамки на проектот GreenLead, ко-финансиран од Европската Унија преку […]

Read more

Зелената транзиција на МСП низ Европа – извештај подготвен во рамки на GreenLead проектот

Во време кога климатските промени и еколошката одржливост се поважни од кога било, малите и средни претпријатија (МСП) се наоѓаат на првата линија на трансформацијата. Новиот извештај „Анализа на зелената транзиција кај европските МСП“ дава сеопфатен преглед на предизвиците и можностите со кои се соочуваат бизнисите на нивниот пат кон одржливо и иновативно работење. Документот […]

Read more