The Art of Cycling

Во саботата, на 25 март, имавме можност да се дружиме со околу 50 до 60 луѓе. Кој дојден со велосипед, кој без, кој со намера дојден, кој пак, случајно – на минување… но, на крајот од денот, беше тоа убав ден, поминат со уште поубави луѓе. За оние кои не беа, во саботата, во дворот […]

Во саботата, на 25 март, имавме можност да се дружиме со околу 50 до 60 луѓе. 🙂 Кој дојден со велосипед, кој без, кој со намера дојден, кој пак, случајно – на минување… 🚲 но, на крајот од денот, беше тоа убав ден, поминат со уште поубави луѓе. ❤

За оние кои не беа, во саботата, во дворот на МКЦ одржавме малку поинаква #вело работилница – „Направи го уникатен твојот велосипед“. Со нас беа група уметници, група вело механичари и едно купче посетители од деца до пензионери. Дел беа за поправка на велосипедот, дел за да научат нешто плус за велосипедите, дел за да ги освежат со нова боја, а едно делче од чисто љубопитство – да ги проследат сите интересни точарски дешавки и муабети. 😌 A ги имаше доста.

Благодарност до сите вас кои не посетивте. За останатите, очекувајте не со многу други слични и по малку различни вело работилници и настани за кои, ќе ве известиме некој ден во иднина 🙂

–

Работилницицата: „Направи го уникатен твојот велосипед“ се организира во рамки на проектот The Art of Cycling. Проектот е дел од #ErasmusPlus програмата и .има за цел да поттикне иницијативи за одржлив транспорт и урбана мобилност во три држави низ Европа и тоа, Унгарија, Италија и Македонија.

The Art of Cycling e поддржан од Национална агенција за европски образовни програми и мобилност. Eco – Logic е координатор на проекот.

#велосипедизам

#животнасредина#климатскипромени

#ЕкоЛогик#thaartofcycling

#citybike#mountainbike#cycling#bicycles

OTHER News

Youth Climate Diplomacy Forum – Skopje Local Point: Повик за млади за климатска акција и дипломатија

Младите се важен дел од разговорот за климатските промени и иднината на животната средина. Тие не се само идни носители на промени, туку и активни учесници во процесите што се одвиваат денес. Токму затоа, Eco Logic – Скопје, во партнерство со Youth Climate Diplomacy Forum (YCDF), го организира презентацискиот и промотивниот настан за YCDF Skopje […]

Read more

Од пилотирање до влијание: Greenlead влегува во завршната фаза

Билтен бр. 4 | Септември 2026 Проектот Greenlead влегува во својот последен месец – но работата за позелена иднина не завршува тука. По месеци на развој, тестирање, учење и споделување искуства, партнерството ги заокружи клучните активности и ги стави резултатите на располагање на оние на кои им се најпотребни: малите и средните претпријатија (МСП), стручното […]

Read more

GreenLead. Зелени вештини. Зелени лидери.

На 10 септември, во Europe House Skopje, ќе се одржи завршниот настан на проектот GreenLead – Introducing the Job Profile of the Green Leader. Настанот е посветен на препознавањето и развивањето на зелените вештини и нивната важност за современото работно опкружување, организациите и зелената трансформација. Ќе ги претставиме главните резултати од проектот, развиените ресурси и […]

Read more

Циркуларна економија и повторна употреба на талогот од кафе

Талогот од кафе не мора да заврши во отпад. Од природно ѓубриво и неутрализатор на мириси, до одгледување печурки, биојаглен и обновлива енергија – неговата повторна употреба отвора бројни можности за поодржливо и циркуларно живеење. Прочитајте ја целата статија и откријте како талогот од вашето кафе може да добие нов живот. Оваа статија е подготвена […]

Read more

Биојагленот во училиштата: учење за животната средина преку практично искуство

Како да им ја приближиме на децата темата за климатските промени, здрава почва и одржливо градинарство? Одговорот е едноставен – преку практично учење. Во рамки на EUKI проектот „Cutting Carbon – Promoting Biochar for Climate Change Mitigation“, партнерските организации од Сицилија, Северна Македонија и Хрватска спроведуваат едукативни активности во основните училишта, со цел учениците да […]

Read more

Шест месеци учење, истражување и нови искуства со Киара

По шест незаборавни месеци, дојде време да ѝ кажеме „до видување“ на нашата волонтерка Киара. Нејзиниот престој беше исполнет со учење, истражување, нови искуства и активно учество во секојдневните активности на организацијата. Во текот на овие шест месеци, Киара имаше можност одблиску да се запознае со нашата работа, да сподели свои идеи и да придонесе […]

Read more