Вело работилница со средношколците од Скопје

Дел од причините поради кои, средношколците со кои разговаравме во вторникот, не одат на училиште со велосипед се: (1) големата оддалеченост на училиштето од нивниот дом; (2) временските услови и, особено, студеното време во зима и жештините во лето; (3) стравот од возење велосипед во сообраќај, како и (4) стравот дека велосипедот ќе им биде […]

Дел од причините поради кои, средношколците со кои разговаравме во вторникот, не одат на училиште со велосипед се: (1) големата оддалеченост на училиштето од нивниот дом; (2) временските услови и, особено, студеното време во зима и жештините во лето; (3) стравот од возење велосипед во сообраќај, како и (4) стравот дека велосипедот ќе им биде украден. 

Но, колку од овие причини и стравови можат да бидат надминати кај значаен дел од средношколците доколку им понудиме соодветна едукација и соодветна поддршка за возење велосипед во сообраќај, пак и ја подобриме вело инфраструктурата, особено поврзаноста на вело патеките, пак и сообраќајната култура во градот?! 

На 13 декември, заедно со експертот за урбан велосипедизам, Дарко Арсовски одржавме една таква #вело работилница посветена токму на темата „Со велосипед до училиште“. На речиси 40 ученици од I и II година во средните училишта во земјата им зборувавме за причините заради кои велосипедот е брзо, безбедно и еколошко превозно средство, за задолжителната опрема за секој велосипедист, за опремата која е препорачливо да ја имаат при сообраќаење со велосипед… им дадовме практични примери за како да се облечат при различни временски услови, особено на студеното време како деновиве, зборувавме за сообраќајните правила, рачна сигнализација, пак и законската регулатива за сообраќај на велосипеди.

Домаќини на работилницата беа СУГС „Георги Димитров“ – Скопје, а освен нивни ученици, имавме ученици и од други десетина училишта во Скопје.

Работилницата за средношколци беше организирана во рамки на проектот „Камп за одржливост – Епизода бр. 6: Вело млади“. 

Целта е да се промовира велосипедот како брзо, безбедно и еколошко  превозно средство.

Проектот е ко-финансиран од Град Скопје и истиот го спроведува Eco – Logic и Вело Училишта.

OTHER Events

Завршен настан на проектот Sustainability Coaches

Во просториите на Mladi Hub, се одржа завршниот настан на проектот „Sustainability Coaches“, кој ги собра на едно место едукатори, ентузијасти и експерти посветени на унапредување на образованието за одржливост. Овој настан беше не само можност да ги споделиме резултатите од проектот, туку и да се инспирираме за идни иницијативи и соработки. Клучни моменти од […]

Read more

Локалните семинари за одржлив спорт успешно завршени

Изминатите два дена беа исполнети со инспирација, продуктивни дискусии и важни придонеси за иднината на спортот. Како дел од проектот GAIA – Good Governance and Sustainability in Sport Practice, спортисти, тренери, волонтери и менаџери ги споделија своите идеи за креирање на Sustainable Sport Governance Chart. Клучни теми што ги опфативме Ова беше значаен чекор кон […]

Read more

Истражете нови пристапи во едукацијата за одржливост: Онлајн настан „Sustainability Coaches“

Во свет каде што одржливоста станува сè позначајна, едукацијата игра клучна улога во обликувањето на свеста и акциите за подобра иднина. Затоа, со задоволство ве покануваме на онлајн настанот „Sustainability Coaches“, организиран од Еко-Логик. Датум: 12 февруари 2025Време: 17:30 – 19:00 (Сараево, Скопје, Загреб)Локација: ZoomЛинк за придружување: https://us06web.zoom.us/j/82530338993Meeting ID: 825 3033 8993Passcode: 030644Секој учесник ќе […]

Read more

Уметност: Мост за социјална инклузија и културна размена

Од 5-ти до 10-ти декември 2024 година, во Паралимни, Кипар, се одржа семинарот „Уметност: Сојузник за социјална инклузија и интеркултурно учење“, организиран од NECI EU. Оваа иницијатива ги обедини партнерите од 12 земји, кои преку уметност и младинска работа ја истакнаа идејата дека разликите не се причина за поделба, туку можност за поврзување и разбирање. […]

Read more

Eco Logic на ECON 2024: Ново поглавје на соработка и иновации

Со големо возбудување, Eco Logic објавува дека ќе учествува на ECON 2024, настан кој собира организации и експерти од цела Европа со цел да поттикне соработка, размена на знаења и истражување на нови можности во светот на ЕУ проектите. Оваа година, настанот ќе се одржи во Порто, Португалија, на 5 и 6 декември. Што е […]

Read more

Отворен ден за искуствено учење

Да се потсетиме на фантастичниот настан што го организиравме – отворениот ден за искуствено учење. Овој настан беше пример за тоа како учењето може да биде забавно, иновативно и инспиративно. Во текот на денот, имавме можност да покажеме како искуственото учење, преку практични активности и интерактивни работилници, може да ја трансформира традиционалната образовна практика и […]

Read more