ВЕЛО-БУРЕ ПАРКИНГ Циркуларно решение за одржлива урбана мобилност

Вело-Буре паркинг е иновативно решение кое го трансформира отпадниот материјал во функционална урбана инфраструктура за паркирање велосипеди. Преку примена на принципите на циркуларна економија, иницијативата придонесува кон намалување на отпадот, поттикнување на велосипедската култура и создавање поодржливи градови. Решението е наменето за училишта, општини, јавни институции и приватни компании кои сакаат да инвестираат во зелена […]

Вело-Буре паркинг е иновативно решение кое го трансформира отпадниот материјал во функционална урбана инфраструктура за паркирање велосипеди. Преку примена на принципите на циркуларна економија, иницијативата придонесува кон намалување на отпадот, поттикнување на велосипедската култура и создавање поодржливи градови.

Решението е наменето за училишта, општини, јавни институции и приватни компании кои сакаат да инвестираат во зелена инфраструктура и ESG практики.

Клучни придобивки:

  • практично и одржливо решение за велосипедско паркирање
  • поддршка на циркуларна економија и реупотреба на материјали
  • подобрување на урбаниот простор
  • поттикнување здрави и одржливи навики
  • зајакнување на ESG стратегиите на организациите

Вело-Буре паркинг е повеќе од инфраструктура – тоа е видлива промена во насока на одржлива иднина.

Иницијативата „Вело-Буре паркинг“ е дел од Првата Академија за циркуларна економија, организирана од ARNO во соработка со PINnorthmacedonia и партнери, каде беа развиени 12 иновативни концепти за циркуларни бизниси.

Оваа Академија се реализираше во рамки на проектот „Граѓанското општество и младите за инклузивен и одржлив развој преку циркуларна економија во Северна Македонија“, поддржан од Европската Унија преку ИПА програмата за граѓанско општество.

OTHER News Publications

ПРИЈАВИ СЕ: „Не ме ставај во рамка!“ – Девојки против стереотипите

Дали сакаш да ги преиспиташ стереотипите, да го изразиш своето мислење и да придонесеш за општество во кое секоја девојка може слободно да биде тоа што е? Те покануваме да се пријавиш за учество во проектот „Не ме ставај во рамка!“ – Девојки против стереотипите, кој го спроведува Здружението за заштита и унапредување на животната средина Еко […]

Read more

Еко Логик потпиша Меморандум за соработка со Независниот синдикат на предучилишните работници и „5-тата сила“

Со цел зајакнување на соработката и создавање нови можности за унапредување на предучилишното образование, Еко Логик потпиша Меморандум за соработка со Независниот синдикат на предучилишните работници и „5-тата сила“. Ова партнерство претставува значаен чекор кон поврзување на граѓанскиот сектор со претставниците на предучилишните работници, со заедничка визија за поквалитетно, поинклузивно и поодржливо образование, како и […]

Read more

Младите, идеите и зелените промени во фокусот на одбележувањето на 50 години Општина Карпош

По повод одбележувањето на 50 години од постоењето на Општина Карпош, во Ресурсниот центар Карпош организиравме средба посветена на младите, заштитата на животната средина и можностите за создавање поодржливи и поправедни заедници. Кога младите ќе добијат простор да ги споделат своите идеи, да поставуваат прашања и да предлагаат решенија, се отвораат разговори што можат да […]

Read more

Eco-Competent: Climate Café отвори разговор за климатската анксиозност и менталната благосостојба на младите во Штип

Што чувствуваме кога размислуваме за климатската криза? Како климатските промени влијаат врз нашата ментална благосостојба и како грижата за иднината на планетата може да стане поттик за позитивна промена? Овие прашања беа во фокусот на Climate Café, одржано во MladiHub Штип, каде што млади луѓе се собраа да разговараат за климатската анксиозност и емоциите поврзани […]

Read more