Започнуваме нов проект: ECOSOCIAL VOICES

Со особено задоволство го најавуваме почетокот на проектот ECOSOCIAL VOICES (Empowering unprivileged young people to become influential ecosocial voices through civic monitoring) – иницијатива која има за цел да им даде простор и поддршка на младите да станат активни и влијателни гласови во своите заедници. Проектот се реализира во рамки на програмата Erasmus+, поточно преку […]

Со особено задоволство го најавуваме почетокот на проектот ECOSOCIAL VOICES (Empowering unprivileged young people to become influential ecosocial voices through civic monitoring) – иницијатива која има за цел да им даде простор и поддршка на младите да станат активни и влијателни гласови во своите заедници.

Проектот се реализира во рамки на програмата Erasmus+, поточно преку акцијата Cooperation Partnerships in Youth (KA220-YOU), и обединува партнери од неколку европски земји со заедничка мисија: да се зајакне улогата на младите во еко-социјалната трансформација.

Главната цел на ECOSOCIAL VOICES е да овозможи 100 млади лица од ранливи категории да стекнат знаења, вештини и самодоверба за активно учество во процесите на промена – како на локално, така и на лично ниво.

Преку проектот, младите ќе имаат можност да:

  • ги разберат подобро еко-социјалните предизвици
  • се вклучат во процеси на граѓанско следење (civic monitoring)
  • придонесат со конкретни идеи и решенија во своите заедници
  • развијат поодговорен и одржлив начин на живот

Како ќе го постигнеме тоа?

Во текот на имплементацијата ќе се реализираат повеќе активности насочени кон практично учење и активно вклучување на младите:

  • развој на интерактивна програма за интрапретприемачки вештини
  • формирање младински групи за граѓанско следење
  • организација на локални настани и форуми со различни засегнати страни
  • изработка на практичен водич за напредни практики во civic monitoring
  • обука на младински работници преку европски bootcamp
  • креирање онлајн платформа за споделување резултати и ресурси

Што очекуваме како резултат?

Проектот ќе донесе конкретни и применливи резултати, меѓу кои:

  • microlearning програма за млади
  • вклучување на 100 млади во процеси на граѓанско следење
  • организација на 15 локални настани
  • подготовка на препораки за политики
  • зајакнати капацитети на младински работници
  • достапна мултијазична онлајн платформа

Проектот е предводен од MVidee (Холандија), а се реализира во партнерство со Mindshift Skills Hub LDA (Португалија), Фондација на бизнисот за образование (Бугарија), Eco Logic (Македонија) и Центар за кариери на млади Дубровник (Хрватска).

Проектот веќе официјално започна со првиот онлајн состанок на партнерите, на кој ги поставивме основите за соработка и ги договоривме следните чекори.

Во мај нè очекува и првиот транснационален состанок во Хаг, Холандија, каде ќе продолжиме со планирање и конкретна реализација на активностите.

OTHER News Projects

ПРИЈАВИ СЕ: „Не ме ставај во рамка!“ – Девојки против стереотипите

Дали сакаш да ги преиспиташ стереотипите, да го изразиш своето мислење и да придонесеш за општество во кое секоја девојка може слободно да биде тоа што е? Те покануваме да се пријавиш за учество во проектот „Не ме ставај во рамка!“ – Девојки против стереотипите, кој го спроведува Здружението за заштита и унапредување на животната средина Еко […]

Read more

Еко Логик потпиша Меморандум за соработка со Независниот синдикат на предучилишните работници и „5-тата сила“

Со цел зајакнување на соработката и создавање нови можности за унапредување на предучилишното образование, Еко Логик потпиша Меморандум за соработка со Независниот синдикат на предучилишните работници и „5-тата сила“. Ова партнерство претставува значаен чекор кон поврзување на граѓанскиот сектор со претставниците на предучилишните работници, со заедничка визија за поквалитетно, поинклузивно и поодржливо образование, како и […]

Read more

Младите, идеите и зелените промени во фокусот на одбележувањето на 50 години Општина Карпош

По повод одбележувањето на 50 години од постоењето на Општина Карпош, во Ресурсниот центар Карпош организиравме средба посветена на младите, заштитата на животната средина и можностите за создавање поодржливи и поправедни заедници. Кога младите ќе добијат простор да ги споделат своите идеи, да поставуваат прашања и да предлагаат решенија, се отвораат разговори што можат да […]

Read more

Eco-Competent: Climate Café отвори разговор за климатската анксиозност и менталната благосостојба на младите во Штип

Што чувствуваме кога размислуваме за климатската криза? Како климатските промени влијаат врз нашата ментална благосостојба и како грижата за иднината на планетата може да стане поттик за позитивна промена? Овие прашања беа во фокусот на Climate Café, одржано во MladiHub Штип, каде што млади луѓе се собраа да разговараат за климатската анксиозност и емоциите поврзани […]

Read more