Промотивно видео „Со велосипед до училиште“

Што треба да сториме за да возењето велосипед до училиште стане не само побезбедно и побрзо, но и нормална и многу честа појава помеѓу средношколците во Скопје?  Погледнете го видеото кое го сработивме во рамки на проектот „Камп за одржливост – Епизода бр. 6: Вело млади“ и, споделете со нас, колку време, според вас, би […]

Што треба да сториме за да возењето велосипед до училиште стане не само побезбедно и побрзо, но и нормална и многу честа појава помеѓу средношколците во Скопје? 

Погледнете го видеото кое го сработивме во рамки на проектот „Камп за одржливост – Епизода бр. 6: Вело млади“ и, споделете со нас, колку време, според вас, би му требало на еден средношколец – од вашата населба, за да стигне до било кое од средните училишта во Скопје?! 

Линк до видеото: https://www.youtube.com/watch?v=_cK_B719UXg

Проектот „Камп за одржливост – Епизода бр. 6: Вело млади“ има за цел да го промовира велосипедот како брзо, безбедно и еколошко  превозно средство, како и да ги поттикне средношколците безбедно да возат велосипед до училиште. 

Проектот е ко-финансиран од Град Скопје, а го спроведува Еко Логик и Вело Училишта.

Што се’ треба да знаат средношколците кои сакаат да одат на училиште со велосипед за да пристигнат на училиште на време и, уште поважно, да пристигнат безбедно? 

Погледнете го видеото кое го сработивме во рамки на проектот „Камп за одржливост – Епизода бр. 6: Вело млади“ и, споделете ги со нас и младите велосипедисти, сите ваши корисни совети за возење велосипед во Скопје. 

Видеото е достапно на следниот линк: https://youtu.be/yHJEJgnOkUg

Проектот „Камп за одржливост – Епизода бр. 6: Вело млади“ има за цел да го промовира велосипедот како брзо, безбедно и еколошко  превозно средство, како и да ги поттикне средношколците да возат велосипед почесто, како и да возат велосипед до училиште БЕЗБЕДНО. Проектот е ко-финансиран од Град Скопје. Истиот го спроведува Еко Логик и Вело Училишта.

OTHER News

GreenLead. Зелени вештини. Зелени лидери.

На 10 септември, во Europe House Skopje, ќе се одржи завршниот настан на проектот GreenLead – Introducing the Job Profile of the Green Leader. Настанот е посветен на препознавањето и развивањето на зелените вештини и нивната важност за современото работно опкружување, организациите и зелената трансформација. Ќе ги претставиме главните резултати од проектот, развиените ресурси и […]

Read more

Циркуларна економија и повторна употреба на талогот од кафе

Талогот од кафе не мора да заврши во отпад. Од природно ѓубриво и неутрализатор на мириси, до одгледување печурки, биојаглен и обновлива енергија – неговата повторна употреба отвора бројни можности за поодржливо и циркуларно живеење. Прочитајте ја целата статија и откријте како талогот од вашето кафе може да добие нов живот. Оваа статија е подготвена […]

Read more

Биојагленот во училиштата: учење за животната средина преку практично искуство

Како да им ја приближиме на децата темата за климатските промени, здрава почва и одржливо градинарство? Одговорот е едноставен – преку практично учење. Во рамки на EUKI проектот „Cutting Carbon – Promoting Biochar for Climate Change Mitigation“, партнерските организации од Сицилија, Северна Македонија и Хрватска спроведуваат едукативни активности во основните училишта, со цел учениците да […]

Read more

Шест месеци учење, истражување и нови искуства со Киара

По шест незаборавни месеци, дојде време да ѝ кажеме „до видување“ на нашата волонтерка Киара. Нејзиниот престој беше исполнет со учење, истражување, нови искуства и активно учество во секојдневните активности на организацијата. Во текот на овие шест месеци, Киара имаше можност одблиску да се запознае со нашата работа, да сподели свои идеи и да придонесе […]

Read more

Од идеја до акција: „Граѓански активизам за остварување на циркуларна економија во управувањето со органски отпад“

Видеата што ги споделуваме се создадени за време на работилниците и тестирањето на зелените бизнис идеи со ученици од основните училишта во општините Карпош, Ѓорче Петров и Кисела Вода. Тие го прикажуваат процесот низ кој младите учеа како био-отпадот може да се претвори во ресурс, иновација и можност за одржлив развој. Во текот на работилниците, […]

Read more

Нов „Зелен“ прирачник: Практичен водич за одржливо работење и зелена транзиција на МСП

Зелената транзиција повеќе не е само глобален предизвик, туку и можност за компаниите да создадат поодржливи, поефикасни и поконкурентни бизнис модели. Малите и средни претпријатија (МСП) имаат клучна улога во оваа промена, но често се соочуваат со прашања: од каде да започнат, кои алатки да ги користат и како одржливоста да ја претворат во практична […]

Read more