Потпишан Меморандум за соработка помеѓу Здружение за заштита и унапредување на животната средина Еко Логик Скопје и ЈУ Центар за образование на возрасните – Скопје

Во насока на зајакнување на нашите активности во областа на образованието на возрасните, со особено внимание кон одржливиот развој и еколошката писменост, на 30.05.2025 година потпишавме Меморандум за соработка со Јавната установа Центар за образование на возрасните – Скопје. Овој чекор претставува важен момент за Еко Логик, бидејќи преку стратешко партнерство со релевантна институција, отвораме […]

Во насока на зајакнување на нашите активности во областа на образованието на возрасните, со особено внимание кон одржливиот развој и еколошката писменост, на 30.05.2025 година потпишавме Меморандум за соработка со Јавната установа Центар за образование на возрасните – Скопје.

Овој чекор претставува важен момент за Еко Логик, бидејќи преку стратешко партнерство со релевантна институција, отвораме нови можности за заеднички активности, развој и имплементација на локални и европски проекти, како и спроведување на политики во дејностите образование и наука.

Потпишувањето го формализираа:

  • Никола Нешкоски, директор на Здружението за заштита и унапредување на животната средина Еко Логик – Скопје
  • Садудин Садики, директор на ЈУ Центар за образование на возрасните – Скопје

Со Меморандумот, страните се обврзуваат на соработка врз основа на взаемна доверба, разбирање и заедничка визија, и ќе работат заедно во рамките на утврдени начела и постапки, со фокус на градење поодржлива, еколошки свесна и образована заедница.

Преку ова партнерство, ќе развиваме нови едукативни програми, активности и ресурси што ќе ги доближат темите за екологија, циркуларна економија и климатски промени до пошироката јавност – особено до возрасната популација.

Благодарни сме за довербата и со нетрпение очекуваме да ги споделиме резултатите од оваа соработка!

OTHER News

Од пилотирање до влијание: Greenlead влегува во завршната фаза

Билтен бр. 4 | Септември 2026 Проектот Greenlead влегува во својот последен месец – но работата за позелена иднина не завршува тука. По месеци на развој, тестирање, учење и споделување искуства, партнерството ги заокружи клучните активности и ги стави резултатите на располагање на оние на кои им се најпотребни: малите и средните претпријатија (МСП), стручното […]

Read more

GreenLead. Зелени вештини. Зелени лидери.

На 10 септември, во Europe House Skopje, ќе се одржи завршниот настан на проектот GreenLead – Introducing the Job Profile of the Green Leader. Настанот е посветен на препознавањето и развивањето на зелените вештини и нивната важност за современото работно опкружување, организациите и зелената трансформација. Ќе ги претставиме главните резултати од проектот, развиените ресурси и […]

Read more

Циркуларна економија и повторна употреба на талогот од кафе

Талогот од кафе не мора да заврши во отпад. Од природно ѓубриво и неутрализатор на мириси, до одгледување печурки, биојаглен и обновлива енергија – неговата повторна употреба отвора бројни можности за поодржливо и циркуларно живеење. Прочитајте ја целата статија и откријте како талогот од вашето кафе може да добие нов живот. Оваа статија е подготвена […]

Read more

Биојагленот во училиштата: учење за животната средина преку практично искуство

Како да им ја приближиме на децата темата за климатските промени, здрава почва и одржливо градинарство? Одговорот е едноставен – преку практично учење. Во рамки на EUKI проектот „Cutting Carbon – Promoting Biochar for Climate Change Mitigation“, партнерските организации од Сицилија, Северна Македонија и Хрватска спроведуваат едукативни активности во основните училишта, со цел учениците да […]

Read more

Шест месеци учење, истражување и нови искуства со Киара

По шест незаборавни месеци, дојде време да ѝ кажеме „до видување“ на нашата волонтерка Киара. Нејзиниот престој беше исполнет со учење, истражување, нови искуства и активно учество во секојдневните активности на организацијата. Во текот на овие шест месеци, Киара имаше можност одблиску да се запознае со нашата работа, да сподели свои идеи и да придонесе […]

Read more

Од идеја до акција: „Граѓански активизам за остварување на циркуларна економија во управувањето со органски отпад“

Видеата што ги споделуваме се создадени за време на работилниците и тестирањето на зелените бизнис идеи со ученици од основните училишта во општините Карпош, Ѓорче Петров и Кисела Вода. Тие го прикажуваат процесот низ кој младите учеа како био-отпадот може да се претвори во ресурс, иновација и можност за одржлив развој. Во текот на работилниците, […]

Read more