ПРИЈАВИ СЕ: „Не ме ставај во рамка!“ – Девојки против стереотипите

Дали сакаш да ги преиспиташ стереотипите, да го изразиш своето мислење и да придонесеш за општество во кое секоја девојка може слободно да биде тоа што е? Те покануваме да се пријавиш за учество во проектот „Не ме ставај во рамка!“ – Девојки против стереотипите, кој го спроведува Здружението за заштита и унапредување на животната средина Еко […]

Дали сакаш да ги преиспиташ стереотипите, да го изразиш своето мислење и да придонесеш за општество во кое секоја девојка може слободно да биде тоа што е?

Те покануваме да се пријавиш за учество во проектот „Не ме ставај во рамка!“ – Девојки против стереотипите, кој го спроведува Здружението за заштита и унапредување на животната средина Еко Логик – Скопје.

Проектот ќе се спроведува од 1 декември 2026 до 31 мај 2027 година и е наменет за девојки и млади жени на возраст од 15 до 29 години. 

Преку интерактивни работилници и креативни лаборатории, ќе имаш можност да разговараш и учиш за:

  • Родови стереотипи и родови улоги;
  • Дискриминација и родово базирано насилство меѓу врсници;
  • Самодоверба, лични граници и здрави врснички односи;
  • Дигитален сексизам и безбедност на интернет; 
  • Креативно изразување преку раскажување приказни, фотографија и кратки видеа.

Проектот „Не ме ставај во рамка!“ – Девојки против стереотипите е кофинансиран од Европската Унија во рамки на проектот „AGREE!“.

Закажаните датуми, времиња и локации на работилниците и креативните лаборатории ќе ти бидат дополнително соопштени навреме. Избраните учеснички ќе добијат информации за распоредот и деталите за присуство преку оставените контакт-информации.

Ќе имаш можност да разменуваш идеи со други девојки, да го споделиш своето мислење и да учествуваш во создавање креативни пораки и содржини за кампањата „Не ме ставај во рамка!“.

Кој може да се пријави?
Девојки и млади жени на возраст од 15 до 29 години од Македонија.

Каде и кога?
Активностите ќе се реализираат во рамки на проектниот период, со информации за конкретните датуми и локации што ќе им бидат доставени на избраните учеснички.

Како да се пријавиш?
Пополнувањето на формуларот трае неколку минути. Пријавувањето не гарантира автоматски избор за учество. Избраните учеснички ќе бидат контактирани од тимот на Еко Логик.

Твоето мислење е важно. Не дозволувај другите да те ставаат во рамка!

Пријави се и биди дел од промената!

OTHER News

Еко Логик потпиша Меморандум за соработка со Независниот синдикат на предучилишните работници и „5-тата сила“

Со цел зајакнување на соработката и создавање нови можности за унапредување на предучилишното образование, Еко Логик потпиша Меморандум за соработка со Независниот синдикат на предучилишните работници и „5-тата сила“. Ова партнерство претставува значаен чекор кон поврзување на граѓанскиот сектор со претставниците на предучилишните работници, со заедничка визија за поквалитетно, поинклузивно и поодржливо образование, како и […]

Read more

Младите, идеите и зелените промени во фокусот на одбележувањето на 50 години Општина Карпош

По повод одбележувањето на 50 години од постоењето на Општина Карпош, во Ресурсниот центар Карпош организиравме средба посветена на младите, заштитата на животната средина и можностите за создавање поодржливи и поправедни заедници. Кога младите ќе добијат простор да ги споделат своите идеи, да поставуваат прашања и да предлагаат решенија, се отвораат разговори што можат да […]

Read more

Eco-Competent: Climate Café отвори разговор за климатската анксиозност и менталната благосостојба на младите во Штип

Што чувствуваме кога размислуваме за климатската криза? Како климатските промени влијаат врз нашата ментална благосостојба и како грижата за иднината на планетата може да стане поттик за позитивна промена? Овие прашања беа во фокусот на Climate Café, одржано во MladiHub Штип, каде што млади луѓе се собраа да разговараат за климатската анксиозност и емоциите поврзани […]

Read more

Quality Label European Solidarity Corps

We are proud to be part of the European Solidarity Corps (ESC) through the Quality Label, which recognises our organisation’s capacity to deliver volunteering activities in line with the programme’s principles, objectives, and quality standards. The Quality Label recognises Eco Logic’s capacity to provide meaningful and well-supported volunteering experiences, creating opportunities for young people to […]

Read more