Сакате да дознаете нешто повеќе за темата „одржлив туризам?“ – Вклучете се на PRepare платформата за е-учење

Што PRepare платформата за е-учење вѝ нуди? Со едноставна регистрација на нашата платформа за е-учење, добивате пристап до 2 одделни обуки за надградба или освежување на вашите знаења на тема туризам и одржливост. Обука 1, на пример, содржи модули наменети за општините кои сакаат да ги надградат капацитетите на своите вработени. Тука ќе можете да […]

Што PRepare платформата за е-учење вѝ нуди?

Со едноставна регистрација на нашата платформа за е-учење, добивате пристап до 2 одделни обуки за надградба или освежување на вашите знаења на тема туризам и одржливост.

Обука 1, на пример, содржи модули наменети за општините кои сакаат да ги надградат капацитетите на своите вработени. Тука ќе можете да се информирате за влијанието на туризмот врз животната средина; клучните принципи на одржливиот туризам и врската помеѓу одржливиот туризам и локалниот економски развој.

Обука 2, пак, наменета за млади и луѓе од секторот туризам нуди модули посветени на темите: туризам и одржливост; зелени работни места, зелено претприемништво и социјални иновации во туризмот; зелени вештини за идно вработување и развој на туризмот; системско размислување; зелени таленти и одржлив туризам.

За регистрација на платформата: https://prepareplatform.eu/login/

OTHER News

Биојагленот во училиштата: учење за животната средина преку практично искуство

Како да им ја приближиме на децата темата за климатските промени, здрава почва и одржливо градинарство? Одговорот е едноставен – преку практично учење. Во рамки на EUKI проектот „Cutting Carbon – Promoting Biochar for Climate Change Mitigation“, партнерските организации од Сицилија, Северна Македонија и Хрватска спроведуваат едукативни активности во основните училишта, со цел учениците да […]

Read more

Шест месеци учење, истражување и нови искуства со Киара

По шест незаборавни месеци, дојде време да ѝ кажеме „до видување“ на нашата волонтерка Киара. Нејзиниот престој беше исполнет со учење, истражување, нови искуства и активно учество во секојдневните активности на организацијата. Во текот на овие шест месеци, Киара имаше можност одблиску да се запознае со нашата работа, да сподели свои идеи и да придонесе […]

Read more

Од идеја до акција: „Граѓански активизам за остварување на циркуларна економија во управувањето со органски отпад“

Видеата што ги споделуваме се создадени за време на работилниците и тестирањето на зелените бизнис идеи со ученици од основните училишта во општините Карпош, Ѓорче Петров и Кисела Вода. Тие го прикажуваат процесот низ кој младите учеа како био-отпадот може да се претвори во ресурс, иновација и можност за одржлив развој. Во текот на работилниците, […]

Read more

Нов „Зелен“ прирачник: Практичен водич за одржливо работење и зелена транзиција на МСП

Зелената транзиција повеќе не е само глобален предизвик, туку и можност за компаниите да создадат поодржливи, поефикасни и поконкурентни бизнис модели. Малите и средни претпријатија (МСП) имаат клучна улога во оваа промена, но често се соочуваат со прашања: од каде да започнат, кои алатки да ги користат и како одржливоста да ја претворат во практична […]

Read more

Еко Логик и ЈУ Детски дом „11 Октомври“ – Скопје потпишаа Меморандум за соработка

Еко Логик и Јавната установа Детски дом „11 Октомври“ – Скопје потпишаа Меморандум за соработка, со кој поставуваат темели за долгорочно партнерство насочено кон создавање нови можности за личен развој, еколошка едукација и активно учество на децата и младите во заедницата. Партнерството претставува важен чекор кон заедничко делување во области од особено значење за идните […]

Read more

Балканот и циркуларната економија: Локални приказни што инспирираат 

Циркуларната економија сè повеќе се применува во различни сектори – од образование и локални заедници до индустриски системи за производство на енергија и материјали. Био-отпадот во овој контекст претставува клучен ресурс кој овозможува создавање енергија, ѓубрива и нови производи, наместо негово депонирање. Фото:https://www.magnific.com/free-photo/composition-compost-made-rotten-food_17662485.htm#fromView=search&page=1&position=12&uuid=150e8d17-4682-419f-84aa-c94cdfc7a49f&query=Fertilizer+soil+food+waste+  Кога зборуваме за циркуларна економија и управување со био-отпад, често мислиме дека […]

Read more