Европска зелена недела

Почитувани претставници на образовни институции, Здружението за заштита и унапредување на животната средина Еко Логик во изминатите години активно работи на заштита на животната средина, па со таа цел, во наредниот активно се вклучуваме во одбележување на Европската Зелена недела од 30ти Мај до 5ти Јуни 2022 година. Преку овогодинешното одбележување на Европската Зелена недела […]

Почитувани претставници на образовни институции,

✔️Здружението за заштита и унапредување на животната средина Еко Логик во изминатите години активно работи на заштита на животната средина, па со таа цел, во наредниот активно се вклучуваме во одбележување на Европската Зелена недела од 30ти Мај до 5ти Јуни 2022 година. Преку овогодинешното одбележување на Европската Зелена недела сакаме да влијаеме на подигнување на јавната свест за потребата од подигнување на свеста на најмладите за заштита на животната средина и истите да станат двигатели на промените за намалување на ранливоста на заедниците од климатските промени. ♻️‼️

➡️Како можете се вклучите и да ја одбележите Европската Зелена недела?

Промовирајте ги придобивките од Европската Зелена недела до сите Ваши ученици и деца и нивните родители

Дискутирајте за значењето на климатските промени, заштитата на животната средина и одржливиот начин на транспорт

Реализирајте активности од областа на климатските промени како и заштитата на животната средина со помош на подготвениот пакет на активности од Еко Логик

Годинешното одбележување на Европската Зелена недела е во рамки на проектот „Охрабрување на децата и младите во Северна Македонија да станат двигатели на промените за намалување на ранливоста на заедниците од климатските промени“, спроведуван од УНИЦЕФ со финансиска поддршка на Шведска.

Пакетот со активности веќе го испративме до Вашите мејлови кои веќе претходно бевте вклучени во рамки на активностите за тестирање на експерименти од областа на животната средина!

✔️Сите заедно да го дадеме нашиот мал придонес за заштита на животната средина! 🍀🌿➡️Со задоволство ги очекуваме вашите активности со кои ќе придонесеме кон унапредување на образованието за животна средина и климатски промени во нашата земја.🙂👇

OTHER News

Едукативна работилница за биоотпад: Учениците од ООУ „Владо Тасевски“ активно учествуваат во создавање одржлива иднина

Изминатата недела, учениците од ООУ „Владо Тасевски“ – Скопје имаа можност да бидат дел од инспиративна и едукативна работилница, која се одржа во Биотехнолошката лабораторија. Настанот беше организиран во рамки на проектот „Граѓански активизам за остварување на циркуларна економија во управувањето со органски отпад“, кој има за цел да ја зголеми свеста и вклученоста на […]

Read more

Последен онлајн состанок на GAIA проектот пред завршната конференција во Скопје

На 6 мај 2025 година, се одржа последниот онлајн состанок на партнерите на проектот GAIA – Good Governance and Sustainability in Sport Practice, каде што беа разгледани најважните прашања поврзани со финализацијата на проектот и претстојната завршна конференција. Состанокот се одржа преку Zoom и на него учествуваа претставници од сите партнерски организации од Италија, Шпанија, […]

Read more

Излези и научи Воннаставни активности

Во свет кој постојано се менува, традиционалниот начин на учење повеќе не е доволен за целосен развој на учениците. Токму затоа се појавува прирачникот „Излези и научи“ – иновативен ресурс кој ги охрабрува наставниците и учениците да излезат надвор од ѕидовите на училницата и да учат преку искуство, истражување и креативност. Овој прирачник, издаден од […]

Read more