Дали знаете дека биоотпадот сочинува дури 40–60%, а на некои места и до 70% од комуналниот отпад што го создаваат домаќинствата? Кога овој отпад се меша со останатите фракции и завршува на депонии, се создава метан – експлозивен гас што придонесува за климатските промени и предизвикува пожари.
Токму затоа, решението не е само во законите – туку во нашите навики.
Иако законодавството е напреднато, практичната примена сè уште заостанува. А биоотпадот има огромен потенцијал: од него можат да се добијат корисни производи за секојдневна употреба, да се заштедат природни ресурси, да се заштити биодиверзитетот и да се намали загадувањето.
Циркуларната економија значи да го напуштиме моделот „земи-искористи-фрли“ и да започнеме да го гледаме отпадот како вредност.
Во процесот има улога за сите:
- Домаќинствата – да селектираат и да препознаат дека биоотпадот е ресурс
- Локалните власти – да обезбедат инфраструктура и поддршка
- Училиштата – да создадат навики преку практично учење
Работилниците покажуваат дека децата најлесно учат кога експериментираат. Учениците со ентузијазам создаваат нови производи од биоотпад, а дел од нив дури започнуваат да го практикуваат тоа и дома. Така, знаењето се пренесува и во семејствата, а еколошката свест расте.
Како што веќе видовме со автоматите за рециклирање пластика – луѓето брзо усвојуваат нови навики кога имаат јасна корист и разбирање. Истото може да се случи и со биоотпадот.
Пораката е едноставна:
Селектираниот отпад е ресурс. Неселектираниот станува ѓубре.
Оваа кампања се реализира во рамките на проектот „Граѓански активизам за остварување на циркуларна економија во управувањето со органски отпад“, спроведуван од Resource Environmental Center – REC North Macedonia Центарот за ресурси во животна средина (РЕЦ) – Северна Македонија, Eco – Logic и Center for Environmental Democracy – Florozon Флорозон – Центар за еколошка демократија, со поддршка од Владата на Швајцарија и Embassy of Switzerland in North Macedonia преку програмата Цивика мобилитас #CivicaMobilitas.
Содржината на оваа видео е единствена одговорност на партнерите во проектот и на ниту еден начин не може да се смета дека ги одразува гледиштата на Владата на Швајцарија #CHinMK, Цивика мобилитас #CivicaMobilitas, или организациите што ја спроведуваат.
#CivicaMobilitass, #CHinMK, Цивика мобилитас (civicamobilitas.mk)

