Едукативна Работилница за Млади Истражувачи: Одржливо Искористување на Отпад за Зелена Иднина

Во рамки на проектот „Граѓански активизам за остварување на циркуларна економија во управувањето со органски отпад“, спроведуван од Центар за ресурси во животна средина (РЕЦ) – Северна Македонија, во партнерство со Еко Логик и Флорозон Центар за еколошка демократија, на 10 април, во средата, се реализираше едукативна работилница во Биотехнолошката лабораторија. Работилницата, која беше организирана […]

Во рамки на проектот Граѓански активизам за остварување на циркуларна економија во управувањето со органски отпад, спроведуван од Центар за ресурси во животна средина (РЕЦ) – Северна Македонија, во партнерство со Еко Логик и Флорозон Центар за еколошка демократија, на 10 април, во средата, се реализираше едукативна работилница во Биотехнолошката лабораторија.

Работилницата, која беше организирана за младите истражувачи од ООУ „Партенија Зографски“, им понуди можност за практично учење и истражување на иновациите во областа на одржливо искористување на органски отпад. Учениците се запознаа со некои од најдобрите практики за циркуларна економија, кои вклучуваат:

  • ◼️Производство на биодизел – процес кој им овозможува на учениците да се запознаат со важноста на обновливите извори на енергија и како отпадните растителни масла можат да се искористат за производство на еко-пријателски горива.
  • ◼️Екстракција на пектин – учениците научија како се добива пектин, природен полисахарид со примена во прехранбената индустрија и фармацевтските производи.
  • ◼️Изработка на биофилм од кора од компири – оваа активност ја истражува можноста за користење на отпадот од земјоделските производи, како што се кората од компири, за создавање на биоматеријали, кои можат да заменат пластика и други штетни материјали.

Преку овие активности, учениците не само што го зајакнаа своето знаење во областа на науката и иновациите, туку и развија критичко размислување и креативност во справувањето со проблемите на животната средина.

Активностите на проектот „Граѓански активизам за остварување на циркуларна економија во управувањето со органски отпад“ активно придонесуваат за еколошката свест кај младите генерации. Младите истражувачи покажаа интерес и ентузијазам, кои ќе се рефлектираат во нивниот понатамошен активизам за подобра и одржлива иднина.

Проектот е поддржан од Владата на Швајцарија преку програмата Цивика мобилитас, а неговите активности продолжуваат да носат позитивни резултати за развојот на еколошката свест и иновациите во земјата.

Зелената иднина е во рацете на младите!

OTHER Activities News

Градинарење со срце: Еко-настан во Бостание во рамки на ГЕА проектот

На 10 мај оваа година, имавме можност да го поминеме денот учејќи и дружeјќи се со вистински љубители на земјата, растенијата и заедничкото создавање. Настанот беше дел од едукативната серија во рамки на Еразмус+ проектот ГЕА, кој има за цел да ја подигне еколошката свест кај возрасните 🌍. Овојпат, ни се придружија Филип од Градината […]

Read more

Еко-едукација за возрасни: Посета на Отворената Градска Лабораторија во рамки на ГЕА проектот

На 7 мај имавме чест да одржиме уште еден од едукативните ГЕА еко-настани за возрасни, овој пат на едно навистина инспиративно место – Отворена Градска Лабораторија. Настанот беше дел од нашата посветеност за еколошка едукација и вклучување на возрасната популација во теми одржливи заедници и иновации. За време на посетата, учесниците имаа можност одблизу да […]

Read more

Едукативна работилница за биоотпад: Учениците од ООУ „Владо Тасевски“ активно учествуваат во создавање одржлива иднина

Изминатата недела, учениците од ООУ „Владо Тасевски“ – Скопје имаа можност да бидат дел од инспиративна и едукативна работилница, која се одржа во Биотехнолошката лабораторија. Настанот беше организиран во рамки на проектот „Граѓански активизам за остварување на циркуларна економија во управувањето со органски отпад“, кој има за цел да ја зголеми свеста и вклученоста на […]

Read more