Еко едукација во Основно училиште Малина Попиванова во Кочани

Eco education in Elementary school Malina Popivanova in Kochani ⬇️ ➡️На ден 01.10.2021 година, тимот на Еко Логик во соработка со ОУ „Малина Попиванова“ од Кочани, а по повод Одбележување на денови на оризот, организираше работилница насловена „Искуствено учење со интеграција на концепти од животната средина“. За време на работилницата на која учествуваа 30тина основци […]

Eco education in Elementary school Malina Popivanova in Kochani ⬇️

➡️На ден 01.10.2021 година, тимот на Еко Логик во соработка со ОУ „Малина Попиванова“ од Кочани, а по повод Одбележување на денови на оризот, организираше работилница насловена „Искуствено учење со интеграција на концепти од животната средина“.

За време на работилницата на која учествуваа 30тина основци од Кочани, а која е дел од тестирањето и презентирањето на експерименти/активности од програмата “Охрабрување на децата и младите во Северна Македонија да станат двигатели на промените за намалување на ранливоста на заедниците од климатските промени“ спроведуван од УНИЦЕФ со финансиска поддршка на Шведската агенција за меѓународна соработка и развој (СИДА).тимот на Еко Логик ги презентираше дел од експериментите наменети за ученици од основно училишта (“профил на почва“, “штетно влијание врз озонската обвивка“, “што го храни цвеќето / растенијата“, “водата и глобалното затоплување“).

@Eco-logic UNICEF MK

#животнасредина #климатскипромени #еколошкаедукација

OTHER Activities News

Градинарење со срце: Еко-настан во Бостание во рамки на ГЕА проектот

На 10 мај оваа година, имавме можност да го поминеме денот учејќи и дружeјќи се со вистински љубители на земјата, растенијата и заедничкото создавање. Настанот беше дел од едукативната серија во рамки на Еразмус+ проектот ГЕА, кој има за цел да ја подигне еколошката свест кај возрасните 🌍. Овојпат, ни се придружија Филип од Градината […]

Read more

Еко-едукација за возрасни: Посета на Отворената Градска Лабораторија во рамки на ГЕА проектот

На 7 мај имавме чест да одржиме уште еден од едукативните ГЕА еко-настани за возрасни, овој пат на едно навистина инспиративно место – Отворена Градска Лабораторија. Настанот беше дел од нашата посветеност за еколошка едукација и вклучување на возрасната популација во теми одржливи заедници и иновации. За време на посетата, учесниците имаа можност одблизу да […]

Read more

Едукативна работилница за биоотпад: Учениците од ООУ „Владо Тасевски“ активно учествуваат во создавање одржлива иднина

Изминатата недела, учениците од ООУ „Владо Тасевски“ – Скопје имаа можност да бидат дел од инспиративна и едукативна работилница, која се одржа во Биотехнолошката лабораторија. Настанот беше организиран во рамки на проектот „Граѓански активизам за остварување на циркуларна економија во управувањето со органски отпад“, кој има за цел да ја зголеми свеста и вклученоста на […]

Read more