Еко Логик стана дел од I-STEP Network

Со задоволство споделуваме дека Еко Логик стана дел од I-STEP Network, меѓународна мрежа на организации кои работат на полето на образованието, социјалната инклузија, професионалниот развој и учеството во заедницата I-STEP Network ги поврзува организациите со цел нивната соработка и размена на искуства да се претворат во практични методи, алатки и обуки кои можат директно да […]

Со задоволство споделуваме дека Еко Логик стана дел од I-STEP Network, меѓународна мрежа на организации кои работат на полето на образованието, социјалната инклузија, професионалниот развој и учеството во заедницата

I-STEP Network ги поврзува организациите со цел нивната соработка и размена на искуства да се претворат во практични методи, алатки и обуки кои можат директно да се применат во работата со заедниците и целните групи.

За Еко Логик, приклучувањето кон мрежата претставува можност за нови партнерства, размена на знаење и искуства, заеднички иницијативи и развој на практични решенија кои можат да придонесат кон поквалитетна работа со младите и заедницата.

Веруваме дека најдобрите идеи се создаваат кога организациите се поврзуваат, учат едни од други и заеднички ги претвораат знаењето и искуството во конкретни активности.

Со нашето приклучување кон I-STEP Network, продолжуваме да ги прошируваме нашите меѓународни партнерства и да создаваме нови можности за соработка, учење и развој.

Со повеќе поврзани организации, создаваме повеќе можности за позитивни промени.

OTHER Network

Еко Логик дел од „Ресурсен Центар Карпош“

Со задоволство објавуваме дека Еко Логик е избрана како една од деветте невладини организации кои стануваат дел од „Ресурсен Центар Карпош“. Во Општина Карпош се одржа првиот координативен состанок на Центарот, со учество на девет организации избрани преку јавен повик. Средбата означи почеток на нова платформа за поврзување, размена на знаење и создавање заеднички иницијативи […]

Read more

Еко Логик и ЈУ Детски дом „11 Октомври“ – Скопје потпишаа Меморандум за соработка

Еко Логик и Јавната установа Детски дом „11 Октомври“ – Скопје потпишаа Меморандум за соработка, со кој поставуваат темели за долгорочно партнерство насочено кон создавање нови можности за личен развој, еколошка едукација и активно учество на децата и младите во заедницата. Партнерството претставува важен чекор кон заедничко делување во области од особено значење за идните […]

Read more

Climate Bridge Network

The Climate Bridges Network is an expanding alliance that brings together civil society organizations, research institutions, public authorities, and social enterprises from across Southeastern Europe, all dedicated to advancing climate action. Focused primarily on the Western Balkan region, the Network provides a platform for collaboration, knowledge sharing, and coordinated efforts toward achieving sustainable climate solutions. The Network […]

Read more

Еко Логик избран за контакт точка на YCDF – нов чекор кон поодржлива иднина

Со огромно задоволство ја објавуваме веста дека Еко Логик е официјално избран како контакт точка за Скопје во рамките на Форумот за Младинска Климатска Дипломатија за Југоисточна Европа (Youth Climate Diplomacy Forum – YCDF). Овој избор не е само признание за нашата долгорочна работа во полето на животната средина, туку и значајна можност за понатамошно […]

Read more

Eco Logic меѓу најбараните организации на INNEXA Alliance 2025 во Мадрид

На 4 и 5 ноември, во Talent Garden – Мадрид, се одржа настанот на INNEXA Alliance, кој обедини 127 учесници, 84 организации и 34 земји од 3 континенти, меѓу кои беа универзитети, компании, јавни институции и граѓански организации посветени на иновации, одржливост и прекугранична соработка. Вкупно беа организирани 445 состаноци, а нашата организација беше препознаена […]

Read more

Eco-Logic стана член на CONNECT International

Со голема чест и гордост објавуваме дека нашата работа беше препознаена со што Eco-Logic станува најнов член на CONNECT International – европска мрежа која обединува поединци и организации посветени на подршка на младите и заштита на дигиталните права. CONNECT International ги обединува организациите кои веруваат дека партнерствата и мрежите се важен двигател на промени, а […]

Read more