Еко Логик и ЈУ Детски дом „11 Октомври“ – Скопје потпишаа Меморандум за соработка

Еко Логик и Јавната установа Детски дом „11 Октомври“ – Скопје потпишаа Меморандум за соработка, со кој поставуваат темели за долгорочно партнерство насочено кон создавање нови можности за личен развој, еколошка едукација и активно учество на децата и младите во заедницата. Партнерството претставува важен чекор кон заедничко делување во области од особено значење за идните […]

Еко Логик и Јавната установа Детски дом „11 Октомври“ – Скопје потпишаа Меморандум за соработка, со кој поставуваат темели за долгорочно партнерство насочено кон создавање нови можности за личен развој, еколошка едукација и активно учество на децата и младите во заедницата.

Партнерството претставува важен чекор кон заедничко делување во области од особено значење за идните генерации – подигнување на еколошката свест, промовирање на одржлив развој, климатска акција, заштита на природата и биодиверзитетот, како и поттикнување на активно граѓанство, волонтерство, неформално образование и социјална инклузија.

Во рамките на соработката ќе се организираат разновидни активности преку кои децата и младите ќе имаат можност да учат преку практично искуство. Предвидени се едукативни работилници, еко-кампови, акции за пошумување, чистење и уредување на јавни простори, активности за селекција и рециклирање на отпад, како и бројни иницијативи кои ќе придонесат за развој на знаења, вештини и навики за одговорен однос кон животната средина.

Покрај активностите со децата и младите, партнерството опфаќа и подготовка и имплементација на локални, национални и меѓународни проекти, размена на знаења, искуства и добри практики, како и јакнење на капацитетите на стручниот кадар во двете организации.

Со потпишувањето на Меморандумот, Еко Логик и ЈУ Детски дом „11 Октомври“ – Скопје ја потврдуваат својата заедничка посветеност кон создавање инспиративна, безбедна и инклузивна средина во која секое дете и млад човек ќе има можност да учи, да се развива, да волонтира и активно да придонесува кон својата заедница.

Веруваме дека ова партнерство ќе прерасне во бројни успешни иницијативи кои ќе создадат долгорочни позитивни промени – не само за децата и младите, туку и за локалната заедница и животната средина. Заедно градиме генерации кои ќе ја препознаваат вредноста на природата, ќе дејствуваат одговорно и ќе бидат двигатели на позитивни промени.

OTHER Network News

Еко Логик стана дел од I-STEP Network

Со задоволство споделуваме дека Еко Логик стана дел од I-STEP Network, меѓународна мрежа на организации кои работат на полето на образованието, социјалната инклузија, професионалниот развој и учеството во заедницата I-STEP Network ги поврзува организациите со цел нивната соработка и размена на искуства да се претворат во практични методи, алатки и обуки кои можат директно да […]

Read more

Еко Логик дел од „Ресурсен Центар Карпош“

Со задоволство објавуваме дека Еко Логик е избрана како една од деветте невладини организации кои стануваат дел од „Ресурсен Центар Карпош“. Во Општина Карпош се одржа првиот координативен состанок на Центарот, со учество на девет организации избрани преку јавен повик. Средбата означи почеток на нова платформа за поврзување, размена на знаење и создавање заеднички иницијативи […]

Read more

Climate Bridge Network

The Climate Bridges Network is an expanding alliance that brings together civil society organizations, research institutions, public authorities, and social enterprises from across Southeastern Europe, all dedicated to advancing climate action. Focused primarily on the Western Balkan region, the Network provides a platform for collaboration, knowledge sharing, and coordinated efforts toward achieving sustainable climate solutions. The Network […]

Read more

Еко Логик избран за контакт точка на YCDF – нов чекор кон поодржлива иднина

Со огромно задоволство ја објавуваме веста дека Еко Логик е официјално избран како контакт точка за Скопје во рамките на Форумот за Младинска Климатска Дипломатија за Југоисточна Европа (Youth Climate Diplomacy Forum – YCDF). Овој избор не е само признание за нашата долгорочна работа во полето на животната средина, туку и значајна можност за понатамошно […]

Read more

Eco Logic меѓу најбараните организации на INNEXA Alliance 2025 во Мадрид

На 4 и 5 ноември, во Talent Garden – Мадрид, се одржа настанот на INNEXA Alliance, кој обедини 127 учесници, 84 организации и 34 земји од 3 континенти, меѓу кои беа универзитети, компании, јавни институции и граѓански организации посветени на иновации, одржливост и прекугранична соработка. Вкупно беа организирани 445 состаноци, а нашата организација беше препознаена […]

Read more

Eco-Logic стана член на CONNECT International

Со голема чест и гордост објавуваме дека нашата работа беше препознаена со што Eco-Logic станува најнов член на CONNECT International – европска мрежа која обединува поединци и организации посветени на подршка на младите и заштита на дигиталните права. CONNECT International ги обединува организациите кои веруваат дека партнерствата и мрежите се важен двигател на промени, а […]

Read more