Experiential learning – testing of prepared activities / experiments on environment and climate change in primary schools (Week number 1)
Во период од 29.10 до 10.11.2021 година, 9 основни училишта на територија на Скопје реализираа 23 подготвени активности/експерименти од страна на Еко Логик во рамките на проектот “Охрабрување на децата и младите во Северна Македонија да станат двигатели на промените за намалување на ранливоста на заедниците од климатските промени“ спроведуван од УНИЦЕФ со финансиска поддршка на Шведската агенција за меѓународна соработка и развој (СИДА). Преку активности беа опфатени 476 ученици од основно училиште.
Активностите кои се реализираа а беа во насока на унапредување на образованието за животна средина и климатски промени беа:
- Одржлива градина
- Фаќач на дожд
- Преку спорт до одржливи цели
Дел од коментарите од страна на наставниците беа:
- Презадоволни ученици кои со големо задоволство ја реализираа активноста и најважно вниманието на високо ниво за време на целата активност! (Фанка Каралиева, ООУ Крум Тошев, општина Гази Баба, Скопје)
- Супер активност, учениците беа весели, разиграни , а пред се научија дека треба да ја заштитуваат природата. (Елена Максимовска, ПООУ Наум Охридски, општина Гази Баба, Скопје)
#ecologic #екологик #животнасредина #климатскипромени #уницеф #искуствено учење