ОГЛАС ЗА ВРАБОТУВАЊЕ

Локација: Скопје (Карпош)Тип на ангажман: Полно работно време (40 часа неделно), работа во канцеларијаРок за аплицирање: 25.04.2025 Процес на селекција:▪️Првична селекција на кандидати – до 30.04.2025▪️Интервјуа со селектирани кандидати – 05–07.05.2025▪️Тест активност (концепт-нота) –08–09.05.2025▪️Финална одлука и известување – до 12.05.2025▪️Планиран почеток: 15.05.2025 За нас – Еко ЛогикЕко Логик е граѓанска организација посветена на одржлив развој, […]

Координатор за развој и имплементација на ЕУ-финансирани проекти

Локација: Скопје (Карпош)
Тип на ангажман: Полно работно време (40 часа неделно), работа во канцеларија
Рок за аплицирање: 25.04.2025

Процес на селекција:
▪️Првична селекција на кандидати – до 30.04.2025
▪️Интервјуа со селектирани кандидати – 05–07.05.2025
▪️Тест активност (концепт-нота) –08–09.05.2025
▪️Финална одлука и известување – до 12.05.2025
▪️Планиран почеток: 15.05.2025

За нас – Еко Логик
Еко Логик е граѓанска организација посветена на одржлив развој, климатска акција, животна средина, циркуларна економија, социјални теми но и многу друго – се во насока на унапредување на образовните системи на различни нивоа, како и зајакнување на сите во заедницата. Дел сме од повеќе национални и европски конзорциуми и активно работиме на проекти што носат реални промени за луѓето и заедниците.

Што бараме?

Бараме човек за развој (мапирање на повици, планирање концепти, подготовка/пишување на целосни апликации) проактивна, креативна и стратешки ориентирана личност, која ќе има важна улога, првично во детектирање на повици, развој и пишување на проектни апликации, а дополнитлено, и во зависност од достапното време и капацитети и во координација на идни ЕУ-финансирани проекти.

  • ▪️3(три) години искуство со европски програми,
  • ▪️вештини за пишување, комуникациски способности,
  • ▪️капацитет за целосна подготовка на проектен циклус (од идентификување на повици, развој на идеја до момент на аплицирање).
  • ▪️oдлично познавање на европските програми достапни за Македонија

Главни одговорности:

  • ▪️Истражување и идентификација на релевантни ЕУ програми и повици, особено: Erasmus+ (различни категории и клучни акции), Forward-Looking Projects, Creative Europe, COVE, Horizont, CERV (искуството во овие програми ќе биде предност, но нема да претставува одлучувачки фактор)
  • ▪️Развивање на концепти, логичка рамка и активности
  • ▪️Пишување на проектни апликации (наратив, буџет, прилози)
  • ▪️Комуникација и координација, интерно, но и со меѓунардони партнери
  • ▪️Следење на рокови и административна усогласеност
  • ▪️Придонес во развој на проектна стратегија и интерни процеси
  • ▪️Вклучување во тековни проекти: координација и/или имплементација на одредени активности/работни пакети  (оваа активност се јавува како можност, по завршување на тест периодот, и во периоди во кои нема да се подготвуваат проектни апликации).

Потребни квалификации:

  • ▪️Универзитетско образование: општествени науки, животна средина, циркуларна економија, европски студии (универзитетското образование ќе биде предност, но нема да биде одлучувачки фактор)
  • ▪️Најмалку 3 години искуство во развој и подготовка на ЕУ апликации
  • ▪️Искуство со имплементација и известување за ЕУ проекти
  • ▪️Одлично познавање на англиски јазик
  • ▪️Способност за самостојна и тимска работа
  • ▪️Напредно користење на MS Office, Google Drive и дигитални алатки
  • ▪️Подготвеност за патувања во странство (проектни состаноци, обуки и сл.)

Што нудиме:

  • ▪️Полно работно време (40 часа/неделно)
  • ▪️Почетен договор на дело (3 месеци), со можност за редовно вработување
  • ▪️Бонуси за секоја одобрена апликација каде кандидатот има активна улога во нејзин развој
  • ▪️Можности за обуки и патувања

Дополнителна можност:
Отворени сме и за повремена соработка со фриленсери при сезонски повици.
При аплицирање, наведете го типот на соработка што ве интересира, со цел да ве имаме во нашата дата база.

▪️Напомена: кандидатите кои се пријавуваат за полно работно време имаат предност.

Тест активност:
Кандидатите кои ќе влезат во потесен избор ќе добијат тест задача – кратка концепт-нота базирана на реален или симулиран повик. Време за изработка: 2 дена.

OTHER News Uncategorized

Еко Логик на EntreComp Project Incubator во Рим

Еко Логик учествуваше на EntreComp Project Incubator, кој се одржа од 13 до 17 април 2025 година во Рим, Италија. Овој настан беше дел од Youth@Work партнерството и беше организиран од Италијанската Национална агенција за Еразмус+, со поддршка од Националната агенција за европски образовни програми и мобилност од Македонија. Во текот на оваа енергична недела, […]

Read more

GREEEN настан: Наставници и ученици во акција за одржливо образование

Со огромно задоволство ве покануваме на настан преку кој ќе се одбележи успешната соработка помеѓу наставници и ученици, кои заедно создадоа значајни едукативни материјали, интегрирајќи теми од уметност, технологија, природни и општествени науки. Овој настан ќе биде вистинска инспирација за вашиот професионален развој. На него ќе бидат претставени: Ако не сте во можност да присуствувате […]

Read more