ПОВИК ЗА УЧЕСТВО НА ОБУКА ЗА ЕДУКАТОРИ НА ВОЗРАСНИ ЗА ЕКОЛОШКИ СВЕСНИ И ПОАКТИВНИ ВОЗРАСНИ

Во рамките на ГЕА програмата за еколошки свесни и активни возрасни, Еко Логик објавува повик за пријавување на учесници за обука за идни ЕКО ЕДУКАТОРИ НА ВОЗРАСНИ. Обуката вклучува: Обуката ќе се одржи на 25 и 26 ноември 2024 година. Првиот ден од обуката ќе биде организиран онлајн преку платформата ЗУМ, додека вториот ден, кој […]

Во рамките на ГЕА програмата за еколошки свесни и активни возрасни, Еко Логик објавува повик за пријавување на учесници за обука за идни ЕКО ЕДУКАТОРИ НА ВОЗРАСНИ.

Обуката вклучува:

  • 10 кратки едукативни сесии, организирани во два дена (ден 1 – онлајн, ден 2 – со физичко присуство). Главната цел на сесиите е пренос на теоретски знаења, размена на мислења, искуства и оценка на содржините за нивно подобрување.
  • Посета на инспиративни центри или организации за едукација, обука и акција (ден 2).
  • Теоретско запознавање со принципите на неформалното и информалното образование за животна средина за возрасни (модул 1); индивидуалната одговорност и медиумската писменост во образованието за животна средина за возрасни (модул 2); поттикнување на ангажираноста на возрасните во климатски и еко-акции преку граѓанска наука (модул 3); стратешко вмрежување за „зелено влијание“ (модул 4); и дизајнирање на партиципативни климатски и еко-акции (модул 5).

Обуката ќе се одржи на 25 и 26 ноември 2024 година. Првиот ден од обуката ќе биде организиран онлајн преку платформата ЗУМ, додека вториот ден, кој вклучува теоретско-практичен дел и теренска посета, ќе се организира во Скопје.

Сите учесници кои ќе ја завршат обуката ќе добијат сертификат за еко-едукатори за возрасни и ќе имаат можност самостојно да спроведуваат едукација за возрасни на темите.

Кандидатите е пожелно:

  • Да имаат професионално искуство во организирање и спроведување на едукација за возрасни или да покажуваат интерес за организирање ваков вид на едукација.
  • Да имаат искуство или интерес за спроведување на едукација за животна средина.
  • Да имаат искуство или интерес за работа со лица во ризик (сиромаштија, социјална исклученост).
  • Да сакаат да соработуваат со тимот и останатите учесници во обуката.

За пријавување: линк до формуларот за пријава

За повеќе информации: stojne.ecologic@gmail.com ; 076 669 565

OTHER Calls

Завршен настан на проектот „Sustainability Coaches“ – Придружете ни се!

Одржливоста е клучен елемент во градењето на подобра иднина. Проектот „Sustainability Coaches“, инициран од Еко-Логик, е насочен кон развивање на едукативни алатки за подобрување на знаењата и вештините за одржлив развој. На завршниот настан ќе бидат презентирани резултатите од проектот, прирачникот за одржливост, интерактивната платформа и новата едукативна игра SDG Master, достапна како борд и […]

Read more

Зелена транзиција на малите и средни претпријатија во Македонија: Предизвици и можности

Во време кога одржливоста станува клучен фактор за успех, малите и средни претпријатија (МСП) во Македонија се соочуваат со предизвикот како да ја интегрираат зелената транзиција во своите деловни модели. Глобалните и европските политики за климатски промени и циркуларна економија поставуваат нови барања за компаниите, но истовремено отвораат можности за подобра конкурентност, иновации и зголемена […]

Read more

Истражете нови пристапи во едукацијата за одржливост: Онлајн настан „Sustainability Coaches“

Во свет каде што одржливоста станува сè позначајна, едукацијата игра клучна улога во обликувањето на свеста и акциите за подобра иднина. Затоа, со задоволство ве покануваме на онлајн настанот „Sustainability Coaches“, организиран од Еко-Логик. Датум: 12 февруари 2025Време: 17:30 – 19:00 (Сараево, Скопје, Загреб)Локација: ZoomЛинк за придружување: https://us06web.zoom.us/j/82530338993Meeting ID: 825 3033 8993Passcode: 030644Секој учесник ќе […]

Read more