Последен онлајн состанок на GAIA проектот пред завршната конференција во Скопје

На 6 мај 2025 година, се одржа последниот онлајн состанок на партнерите на проектот GAIA – Good Governance and Sustainability in Sport Practice, каде што беа разгледани најважните прашања поврзани со финализацијата на проектот и претстојната завршна конференција. Состанокот се одржа преку Zoom и на него учествуваа претставници од сите партнерски организации од Италија, Шпанија, […]

На 6 мај 2025 година, се одржа последниот онлајн состанок на партнерите на проектот GAIA – Good Governance and Sustainability in Sport Practice, каде што беа разгледани најважните прашања поврзани со финализацијата на проектот и претстојната завршна конференција.

Состанокот се одржа преку Zoom и на него учествуваа претставници од сите партнерски организации од Италија, Шпанија, Србија, Унгарија, Германија и Македонија. Во конструктивна и динамична атмосфера, партнерите дискутираа за финалните активности, завршниот извештај, последните комуникациски материјали, како и за логистиката и содржината на финалниот настан кој ќе се одржи во Скопје.

Конференцијата ќе се одржи на 20 мај 2025, од 13 до 17 часот, во амфитеатарот на Факултетот за физичко образование, спорт и здравје при УКИМ. Настанот ќе биде можност за сите засегнати страни – спортисти, тренери, волонтери и спортски менаџери – да се вклучат во важна дискусија за иднината на доброто управување и одржливоста во спортот.

Во агендата се вклучени воведни обраќања од деканот на факултетот и претставниците на Еко-Логик и проектниот координатор, презентации од европските партнери, дискусија за добри практики, работа во групи за идеи за идни проекти, и секако – доделување на сертификати за сите учесници.

Овој последен онлајн состанок ја потврди силната партнерска соработка и посветеноста на сите организации кон градење на поодржлив спортски екосистем. Завршната конференција претставува кулминација на двегодишната работа и напорите да се создаде GAIA мрежа која ќе го продолжи влијанието и по завршувањето на проектот.

Ве охрабруваме да бидете дел од настанот и да придонесете кон подобро утре за спортот!

Ве молиме потврдете го Вашето присуство тука најдоцна до 13/05/2025 https://shorturl.at/WgVsB

OTHER News

Проектот INTERGREEN доби признание како пример за добра пракса во рамки на програмата Еразмус+

Со голема гордост ја споделуваме веста дека проектот INTERGREEN официјално доби ознака за „добра пракса“ од програмата Еразмус+. Ова признание претставува силен доказ за посветеноста, соработката и влијанието кое нашиот транснационален тим го постигна во изминатите две години. Преку INTERGREEN успеавме да вклучиме општини од Франција, Италија, Португалија, Грција, Кипар и Македонија, создавајќи простор за […]

Read more

Инспиративна работилница за одржлив туризам во Кочани

На почетокот на јуни, заедно со Општина Кочани, организиравме уште една едукативна и инспиративна работилница посветена на темата одржлив туризам. Настанот се одржа во Кочани и беше наменет за средношколци и наставници од локалните училишта. За време на работилницата ја претставивме програмата за е-учење за одржлив туризам, развиена во рамки на PRepare проектот. Преку интерактивна […]

Read more

Давиде, волонтерот од Европскиот солидарен корпус, се приклучи на нашиот тим во Скопје!

Во потрага по нови предизвици и искуство, Давиде реши да ги помине следните шест месеци со нас, придонесувајќи кон еколошки промени и учејќи повеќе за одржливост, мобилност и локални иницијативи. Веќе е целосно вклучен во нашите проекти, полн со идеи, енергија и желба да направи разлика – а ние сме среќни што сме дел од […]

Read more