Погледнете го нашето ново промотивно видео кое ја истакнува важноста на селекцијата на органскиот отпад и придобивките од неговото правилно сортирање. Целта на видеото е да поттикне граѓански ангажман и да ја нагласи улогата на органскиот отпад како секундарна суровина во создавањето здрава животна средина и ублажувањето на климатските промени.
Во продукцијата учествуваа експерти за управување и преработка на био отпад, специјалисти за заштита на животната средина, како и наставници и ученици од основните училишта каде што се одржаа работилници. Видеото е дел од дигиталната кампања која нуди едукативно-информативни содржини за потенцијалот и начините на искористување на органскиот отпад.
Оваа видео е подготвено во рамките на проектот „Граѓански активизам за остварување на циркуларна економија во управувањето со органски отпад“, спроведуван од Resource Environmental Center – REC North Macedonia Центарот за ресурси во животна средина (РЕЦ) – Северна Македонија, Eco – Logic и Center for Environmental Democracy – Florozon Флорозон – Центар за еколошка демократија, со поддршка од Владата на Швајцарија и Embassy of Switzerland in North Macedonia преку програмата Цивика мобилитас #CivicaMobilitas.
Содржината на оваа видео е единствена одговорност на партнерите во проектот и на ниту еден начин не може да се смета дека ги одразува гледиштата на Владата на Швајцарија #CHinMK, Цивика мобилитас #CivicaMobilitas, или организациите што ја спроведуваат.
#CivicaMobilitass, #CHinMK, Цивика мобилитас (civicamobilitas.mk)

