На 4 октомври во Кочани, заедно со партнерите во проектот – општина Кочани, ја организиравме првата дискусија и работилница за ко-креирање, посветени на темата одржлив туризам.
Работилницата на која, учество земаа млади, претставници на граѓански организации и општини од различни делови на Источна Македонија – Кочани, Радовиш, Берово, Пехчево, Делчево, се разговараше за можностите што секторот туризам ги нуди за вработување на младите; интересот на младите за работа во овој сектор или за стартување на сопствен бизнис, како и за потенцијалот за транзиција на секторот туризам кон еколошки одржлив.
Работилницата еше одлична можност да се претстави проектот и неговите активности; да се истражат ставовите и размислувањата на младите за одржливите туристички практики во земјата и Европа; да се увиди нивната запознаеност со ваквите иницијативи ширум земјата и нивните локации на живеење, како и да се дискутираат предизвиците и можностите за едукација за зелени вештини и одржлив туризам, како и за вработување во зелениот сектор во државата.



